"Те сакам" на дело
Кажувањето „те сакам“ не е така едноставно, и треба да му се посвети големо внимание. Зборовите не ја искажуваат љубовта - тоа го прават...
... делата.
Тешко е да се биде искрен, уште потешко да се прифатат последиците од вашата искреност. Потребно е време, енергија и пред се` волја да се остане заедно низ сите проблеми кои ги носи животот и останатите луѓе. А еве и мала помош - како преку делата да им покажете на луѓето што ви значат, дека ги сакате.
1. Не ги споредувајте со другите.
2. Бидете постојано љубезни.
3. Користете го секој момент со нив без брзање или чувство на вина.
4. Живејте спред Златното правило: Никогаш не го правете она што не сакате вам да ви го направат.
5. Посветете им го целосното ваше внимание кога зборуваат.
6. Бидете нивниот најголем подржувач!
7. Наздравувајте за вашата љубов.
8. Спомнете дека внесуваат љубов во вашиот живот.
9. Раскажете си го денот.
10. Заедно читајте книги.
11. Имајте храброст да се извините.
12. Навраќајте се на добрите и лошите сеќавања.
13. Само бидете заедно и не правете ништо.
14. Верувајте си доволно за да можете да плачете заедно.
15. Глупирајте се заедно.
16. Прашувајте се за мислења и чувства.
17. Покажете колку сте среќни штом ќе се сретнете.
18. Направете колачиња.
19. Оставете го стресот на работа.
20. Решавајте заедно крстозборки или судоку.
21. Покажете ја вашата благодарност.
22. Бидете добар слушач.
23. Покажете им дека се гордеете со нив.
24. Давајте комплименти и пред други луѓе.
25. Барајте прегратки и бакнежи.
26. Одете заедно на одмор.
27. Бидете искрени.
28. Користете патетични прекари.
29. Покажете заинтересираност за нивните интереси.
30. Немојте да бидете премногу љубоморни.
31. Прифатете ги нивните мани и слабости..
32. Бидете свои.
33. Научете да простувате.
34. Гледајте стари класики.
35. Оставајте си белешки или пишувајте си писма.
36. Подарувајте си без причина.
37. Не озборувајте, ниту осудувајте.
38. Дајте им простор за себе кога се тажни или нерасположени.
39. Учете нешто ново заедно.
40. Танцувајте.
41. Одржувајте ги ветувањата..