Вистинска љубов: 56 години се грижи за својата парализирана сопруга

Стапувањето во брак значи ветување дека ќе се грижите за вашиот партнер „во добро и лошо, во богатство и сиромаштија, во болест и здравје, сè додека смртта не ве раздели“.

Prikazna-za-vistinska-ljubov-maz-se-grizi-za-svojata-paralizirana-sopruga-vekje-56-godini-01

Но, сепак кога ќе се случи нешто неочекувано, некаква лоша несреќа која сосема ќе го промени начинот на живот, не сите успеваат да го одржат ова ветување.

Во едно малечко кинеско село живее човекот кој и покрај сè решил да остане доследен на своето ветување и да се грижи за својата парализирана жена веќе повеќе од половина век.

На 20-годишна возраст, само пет месеци по стапувањето во брак, Џоу Јуаи се разболела од болест заради која останала парализирана.

Тоа се случило во 1959-та година кога нејзиниот сопруг, Ду Јуанфа, работел во рудникот во соседниот град.

Штом дознал за состојбата во која се наоѓала неговата сопруга, побарал отсуство од работа и се вратил дома. Кога видел дека таа не може повеќе да држи во рацете ниту чаша вода решил да се откаже од работата и да остане покрај неа.

Prikazna-za-vistinska-ljubov-maz-se-grizi-za-svojata-paralizirana-sopruga-vekje-56-godini-02

57 години подоцна Ду, и покрај советите на многумина да си најде друга жена, но и покрај неговата возраст (тој има 85 години, а таа 77) сè уште се грижи за својата сопруга.

Prikazna-za-vistinska-ljubov-maz-se-grizi-za-svojata-paralizirana-sopruga-vekje-56-godini-03

Секој ден Ду готви јадење за неа и се грижи за сè останато во домот. Приказната за неговата посветеност им е позната на сите луѓе во малечкото селце, па така и покрај тоа што тие немаат сопствени деца, голем е бројот на луѓе кои секојдневно го посетуваат нудејќи му помош и друштво.

Prikazna-za-vistinska-ljubov-maz-se-grizi-za-svojata-paralizirana-sopruga-vekje-56-godini-05

Prikazna-za-vistinska-ljubov-maz-se-grizi-za-svojata-paralizirana-sopruga-vekje-56-godini-06

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg