Како сериите како „Сексот и градот“ ни го испраа мозокот?

Сериите како „Сексот и градот“ ни го разубавија животот, но делумно и ни го испраа мозокот.

Vo-otvorenata-vrska-nema-sogoluvanje-na-dushata-samo-sogoluvanje-na-teloto-01.jpg

Тие нè натераа да веруваме дека со работа од дома и пишување една колумна неделно, може да живеете на висока нога и без проблем да купувате чевли од $600 долари.

Тие се обидоа да нè убедат дека сè може да се истрпи за убавина и дека помеѓу изборот кој вклучува купување појадок или модно списание, вие секогаш ја бирате опцијата бр. 2.

И секако, нè убедија дека врските за една ноќ се одлични, дека отворените врски доаѓаат предвид, дека тоа е во ред дури и во вашите ’30-ти години, дека сте млади, полетни, па ослободете ја сета страст и сите забранети инхибиции, бидејќи ова е огромен милионски град, каде што на крајот на краиштата – никој не ве познава.

Погрешно.

Ако мислите дека никој не ве познава во главниот град, дека престојувате инкогнито и Скопје ќе ги скрие и испере сите ваши сексуални излети, бога ми, сите се лажеме.

Отворена врска. Спиеме, ама не сме заедно. Имаме секс, ама не сме пар. Јас можам да излезам со кого сакам, ти можеш да спиеш со уште колку сакаш...

Која е поентата, сериозно прашувам?

За секс, па еве ќе употребам и еуфемизам – за водење љубов, треба да чувствувате барем некоја емоција кон другата личност.

А отворената врска проповеда правила кои велат дека емоциите се исклучени. Дека немате право да бидете љубоморни, да запрашувате каде е, со кого е... едноставно е – тој не ви е дечко, а вие не сте негова девојка.

На крајот, сè се сведува на обичен животински инстинкт. Обично физичко искуство, празнење на нагоните. Нема бакнежи, нема длабоки погледи, нема прегратки и гушкање после тоа.

Нема заеднички појадок, ниту кафе. Нема интимни разговори, нема потенцијал за продлабочување на односот, нема просто иднина.

Апсолутно никого не осудувам за својот сексуален избор. Ако отворената врска е единствениот тип на сексуален однос кој ви одговара, одлично.

Дури малку се воодушевувам на истрајноста да се издржи таков однос. Да не ве боли срцето, да не се запрашате со уште колку девојки спие типот, да му е сеедно кога му кажувате дека некој друг ве поканил на кафе.

Да не зборувам колку е ризично од здравствен аспект доколку не практикувате заштитен однос.

Сексот е убав, сексот е одличен и треба да го има секој од нас, но по која цена?

Некој секогаш вложува повеќе во отворената врска, отколку што покажува. Некој секогаш потајно се надева дека односот магично ќе се транформира од секс во љубов.

На крајот, некој задолжително останува со скршено срце, фрлен како партал на улица и со ниска самодоверба, сметајќи дека не заслужува ништо подобро.

А вистината е дека – секој заслужува многу повеќе.

На крајот, може да се потврди само една работа:

Во отворената врска нема соголување на душата, само соголување на телото.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg