Фројд не бил во право: Која е вистината за клиторалниот оргазам?

Уште во раните 1900-ти Зигмунд Фројд, таткото на психоанализата, одлучил да ја информира јавноста дека клиторалниот оргазам е знак на сексуална и психолошка незрелост, а во некои случаи дури и знак на психичка болест.

frojd-nikogash-ne-bil-vo-pravo-shto-velat-zenite-za-klitoralniot-orgazam-01.jpg

Но, во тоа никој одамна не верува, а научникот Никол Проз и нејзините колеги неодамна објавија и детално истражување на темна клиторален оргазам.

Старите истражувања се навредливи за жените

Едно истражување објавено во списанието за сексуална медицина, тврди дека жените кои мораат клиторално да се стимулираат за да доживеат оргазам имаат и поголема сексуална желба од оние кои доживуваат оргазам само преку вагинален секс.

frojd-nikogash-ne-bil-vo-pravo-shto-velat-zenite-za-klitoralniot-orgazam-1.gif

„Многу досегашни истражувања тврдат дека жените кои мораат да доживеат оргазам само преку стимулација на клиторисот се психички нестабилни. Тоа е шокантно пред сè, затоа што повеќето жени можат да доживеат оргазам само преку стимулирање на клиторисот. Тоа е како да ги навредувате буквално сите жени.“ - вели Прос

frojd-nikogash-ne-bil-vo-pravo-shto-velat-zenite-za-klitoralniot-orgazam-2.gif

Нејзиното истражување бележело степен на возбудување

Во нејзиното истражување учествувале 88 жени на возраст од 18 до 53 години кои за почеток добиле задача да пополнат прашалници за своето ментално и сексуално здравје. Потоа подложеле на прилично детални интервјуа.

После тоа, морале да погледаат неколку филмови, меѓу кои некои биле класични, а други со сексуална тематика. Додека ги гледале филмовите требале да го бележат степенот на возбудување.

frojd-nikogash-ne-bil-vo-pravo-shto-velat-zenite-za-klitoralniot-orgazam-3.gif

Потоа, секоја од нив морала да се изјасни кога и на кој начин последен пат го доживеала својот оргазам. Најголемиот дел од нив се изјасниле дека оргазмот го постигнале преку вагинална стимулација и стимулација на клиторисот.

Мажите се охрабрени од фројдовата теорија

Повеќето хетеросексуални мажи не сфаќаат зошто на жените им е потребно нешто повеќе од само обична пенетрација за да доживеат оргазам, а фројдовата теорија дополнително ги охрабрувала да веруваат дека жените кои растат и психички и физички се развиваат полесно доживуваат оргазам само со вагинална стимулација.

Но, жените не доживуваат оргазам исто како и мажите. Всушност, постојат многу различни начини како жените можат да дојдат до оргазам

95% од мажите и 57% од жените редовно доживуваат оргазам за време на сексот

Во неодамнешна анкета на 2.300 жени, само 57% од нив се изјасниле дека редовно доживуваат оргазам за време на сексот, додека 95% од мажите редовно доживуваат оргазам за време на сексот.

frojd-nikogash-ne-bil-vo-pravo-shto-velat-zenite-za-klitoralniot-orgazam-4.gif

Дури 38% од испитаничките кои не доживуваат редовен оргазам се изјасниле дека тоа е така затоа што „нема доволно стимулација на клиторисот“.

Жените треба едноставно да се релаксираат и да уживаат

Исто така, се покажало дека жените кои не доживуваат редовен оргазам за време на вагиналниот секс се срамежливи и не им е удобно во сексот да ја вклучат и стимулацијата на клиторисот, односно не се доволно отворени и искрени на тоа прашање.

frojd-nikogash-ne-bil-vo-pravo-shto-velat-zenite-za-klitoralniot-orgazam-5.gif

„Се надевам дека ова истражување ќе им ја даде потребната самодоверба на жените и ќе им покаже дека мораат да се погрижат за својот оргазам“ - заклучува Проз.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg