Зошто е добар сексот во хотел?
Љубителите на патувањата сигурно знаат дека една од предностите е и сексот во хотелските соби, а сите оние кои немаат вакво искуство мора да го...
...испробаат што поскоро и да се уверат.
1. Поинаква и нова атмосфера. Спалната соба може да ви стане досадна па некои парови експериментираат во кујната, купатилото и на терасата. А, што кога и ова ќе ви здодее? Отпатувајте некаде, а своите страсти разменете ги во хотелската соба. Далеку од дома и домашните грижи – уживајте!
2. Чиста постелнина и наместен кревет. Кога сте дома мора сами да се погрижите за местењето на креветите и постелнината, а во хотел секоја вечер ќе ве дочека наместен кревет, миризлива и испеглана постелнина која просто ве предизвикува да се “тркалате“ по неа.
3. Нека ве чујат. Ако сакате да бидете бучни, во хотелската соба може да се опуштите. Најлошо што може е да ви се јават од рецепција бидејќи другите гости се пожалиле – но, кој му е гајле? И онака нема никогаш да ги сретнете повторно, а тие ќе знаат дека добро сте се забавувале.
4. Егзибиционизам на дело. Секогаш сте сакале некој да ве гледа за време на сексот, но дома не сте имале можност да си дозволите вакво нешто? Тргнете ги завесите и имајте секс во близина на прозорите. Самата помисла дека може да бидете фатени на дело, а далеку од дома, е доволна за поголемо уживање.
5. Појадок во кревет. Позади вас е бурна и прекрасна ноќ, исцрпени сте од жешки игри и одлично би ви дошло кафе, чај, овошје? Нарачајте појадок во кревет. Откако ќе се освестите – повторно може да се посветите еден на друг.