5 машки тајни за сексот
На место постојано да се обидувате да го промените, едноставно – прифатете го. Жените трошат многу време прашувајќи се: Зошто е таков? А, дали...
...ме сака навистина? Зошто не ми се јави?
Овие 5 точки со сигурност ќе разјаснат некои работи:
1. Мажите го користат сексот како средство за покажување на чувствата.
Сигурно ви е позната ситуацијата кога седите и се обидувате да воспоставите контакт со него, а тој виси на компјутерот или пред ТВ.
Штом легнете во кревет тој станува активен, додека вие се чувствувате повеќе како објект отколку како жена која го сака. Тие го користат сексот кога не се чувствуваат добро и бараат топлина.
Затоа немојте да го одбиете со фразите: ме боли глава или уморна сум. Сетете се дека го сакате и сакате да го почувствувате блиску до себе.
2. Ерекција не значи дека веднаш сакаат секс.
Мажите се многу едноставни. Кога ќе забележат нешто што им се допаѓа, се возбудуваат. Но, тоа не мора да значи дека веднаш сакаат секс.
3. Надворешниот изглед влијае кај мажите.
Тие попрво ќе погледнат згодна женска, но тоа не значи дека вие не сте атрактивни. Сепак, може да го почестите со секси долен веш.
4. Мажите сакаат често да водат љубов.
Постигнете компромис. Немојте да мислите дека сте му само сексуален објект.
5. Зошто заспиваат веднаш после сексот?
Таква ги направила природата. Додека кај жените будноста се одржува, мажите веднаш заспиваат. Дајте му до знаење дека гушкањето прави чуда.