12 едноставни тајни на секоја среќна и зрела врска
Постојат двојки кои изгледаат едноставно како да се создадени еден за друг, а тоа се должи на нивниот труд да бидат позитивни еден кон друг, да се почитуваат и да си даваат време и простор за личен развој.
Тоа се само дел од оние работи кои прават една врска да биде посилна од ден во ден.
Неколку тајни на секоја успешна врска:
1. Бидете свои. Бидете искрени
Често се обидуваме да изгледаме подобри од тоа што сме, да ги сокриеме своите непријатни приказни и маани, но важно е партнерот да го знае секој аспект од нашиот живот.
2. Гледајте позитивно на животот
Ведрите луѓе шират позитивност и среќа во околината, па важно е кога сте покрај партнерот да се трудите да бидете позитивни и во добро расположение.
3. Бидете емпатични, поддржувајте се еден со друг
Секој има свои моменти кога се чувствува неуспешно, фрустрирано, па дури и гневно, а во тие моменти важно е да имате партнер покрај себе, кој ќе ве поддржува и ќе ве мотивира.
4. Постојано споделувајте ги емоциите
Важно е постојано да го потсетувате партнерот дека му се восхитувате, дека го почитувате, ова можете да го правите и со мали, понекогаш незабележливи гестови.
5. Дајте си простор
Двајца луѓе не можат и не треба да бидат 24/7 заедно - дајте си личен простор и време, да ја градите и сопствената индивидуалност покрај врската.
6. Почитувајте се
Најважно е да се почитувате, да ги почитувате изборите и одлуките на саканата личност, дури и тогаш кога не се согласувате со тие избори и одлуки.
7. Не дозволувајте љубомората да завладее во вашите срца
Обидете се да не бидете љубоморни, бидејќи овие емоции не се знак на љубов, туку ја уништуваат секоја останата емоција во врската.
8. Прифатете се онакви какви што сте
Не со обидувајте да се менувате еден со друг, важно е да се научите да се сакате онакви какви што сте со сите свои доблести и маани.
9. Заедно создавајте спомени
Ништо не ве прави поблиски од заедничките искуства и сеќавања - патувајте, танцувајте заедно, учете нови јазици заедно... Правете сè што ви е заеднички интерес, а ќе ве зближи повеќе.
10. Претворете си го животот во бајка
Постојано правете си мали изненадувања кои не само што ќе внесат некаква новина во врската, туку и ќе ве натераат барем за момент, да се почувствувате како да живеете во бајка.
11. Поминувајте доволно време заедно
Посветувајте си квалитетно време еден на друг, не дозволувајте секојдневните обврски, телефонот, телевизијата и работата да бидете половично сконцентрирани кога сте со партнерот.
12. Сонувајте заедно
Заедно работете на тоа да си ги остварите желбите и целите во животот, секогаш размислувајте на тоа каде би сакале да се најдете за 5, 10, па и 20 години отсега.
Н. Г. | Црнобело