12 начини како да уживате во пријателство со привилегии, без да се повредите
Пријатели со привилегии е меч со две острици – од една страна добивате задоволство без обврски, но од друга страна, може да се појават емоции и поврзаност, а тогаш се создаваат проблемите.
Ако сте во ваков тип на „врска“ тогаш најдобро е да ги следите правилата и да не се зближувате многу, секако ако не сакате да завршите повредени или да го повредите сексуалниот партнер.
1. Уште на почетокот направете договор и бидете сигурни дека двајцата се сложувате со условите
Никако не се трудете да правите договор, а потоа да чекате како ќе се одвиваат работите. Ако сѐ што сакате е пријател со бенефиции, тогаш бидете свесни дека се сложувате само на тоа.
Никој не сака да страда, па ако сметате дека не сте способни на ваква врска бидејќи премногу се врзувате, тогаш не се ставајте во ваква ситуација. Не вреди, а и овој тип на врски не е за секој. Но, ако направите заеднички договор уште од почетокот, тогаш ова може да ви успее.
2. Бидете внимателни кого го избирате за партнер
Секако дека тоа не може да биде некој кој знаете дека има чувства за вас или дека мислите дека има чувства, а истото важи и за вас – ако имате чувства кон некој, тогаш таа личност не е погодна за да ви биде пријател со бенефиции. Ако сепак го направите тоа, ќе сносите ужасни последици.
Оној кој ви е пријател со бенефиции треба да биде отворен кон сексуалност, да не се врзува и да не очекува врска од вас. Мажите можеби не изгледаат дека сакаат врски, но вистината е дека тие добро ги кријат своите чувства.
3. Пријателот со привилегии не смее да биде дел од вашиот социјален живот
Тој треба да биде тука само кога ви треба на сексуален начин. Не го поканувајте на вечера со вашите цимери, не правете планови за да се дружите.
Пријателот со бенефиции е кратко време во вашиот живот, па затоа не го продолжувајте неговото време и не го вметнувајте во вашиот социјален живот бидејќи тогаш почнувате да создавате спомени, а и чувствата полесно се развиваат на тој начин.
4. Не им покажувајте слики или пораки од пријателот со привилегии на вашите пријатели
Не сакате тие да почнат да велат „Ама стварно е убав/а“. Не, тоа не сакате да го чуете бидејќи дури и вие да мислите така, на крај ќе ги влошите работите, бидејќи вашите пријатели ќе започнат да ве прашуваат прашања и да ви даваат мислења за него или за неа. Обидете се ваквата врска да ја држите на дистанца.
5. Сѐ што треба да имате со пријателот со привилегии е секс
Држете ја вашата врска во спалната соба или во автомобилот – онаму каде што имате секс. Не мислете дека треба да смените малку и да одите на вечера – тоа е со сигурност лоша идеја.
Искрено сакате да знаете што е можно помалку за нив, за емотивното ниво на вашата врска да биде сведено на минимум. Во превод, држете ги работите исклучиво физички.
6. Не преспивајте
Преспивањето можеби и ќе ги направи нештата да бидат чудни. Галењето, смеењето или држењето за раце или што и да правите после секс е исклучиво за во врски, а не за со пријател со бенефиции.
Избркајте го или заминете бидејќи во спротивно ќе почнете да станувате блиски. Плус, заминувањето веднаш после секс ги елиминира чудните утрински прошетки со срам и секако, спиете во вашиот кревет.
7. Не ги анализирајте пораките
Никако не го правете тоа. Ако ви даде комплимент, немојте да трчате и веднаш да им кажете на пријателите. Едноставно прифатете го и пуштете го. Не можете да се врзувате за комплименти бидејќи пријателот со бенефиции се обидува да биде културен, а не да биде со вас во врска.
Не ги превртувајте неговите реченици и не ги вадете од контекст, затоа што така само може да бидете повредени. Плус, на почеток се договоривте да нема чувства или приврзаност, така што сигурно знаете дека таа личност не се труди да ве освои.
8. Не мора секогаш да бидете тука
Ако не сте расположени за секс, не морате да го имате. Тоа е убавината на ваквите врски – тие се наменети за обострано задоволство и забава.
Затоа, ако не можете или не сакате да имате секс токму таа вечер, не морате да се сложите да се видите.
9. Не се лутете ако партнерот оди на состанок
Ова е навистина важно. Вие не сте во врска, тој/таа не ви е момче/девојка и не ве изневерува. Вие сте пријатели со привилегии. Вие само спиете заедно, тоа значи дека можете да излегувате со други луѓе, всушност така е и најдобро.
10. Не го/ја прогонувајте на социјалните медиуми
Не ги гледајте неговите/нејзините твитови очекувајќи дека ќе најдете нешто за вас и за она што сте го правеле синоќа. Не ги анализирајте неговите фотографии на Инстаграм и Снепчет за да видите со кого е и што прави. Тој/таа не ви е момче/девојка. Пријателот со бенефиции има сопствен живот надвор од сексот со вас, затоа оставете така и да биде.
11. Комуникацијата е клучна
Ако имате нешто да му кажете , без разлика колку е тоа чудно, тогаш дефинитивно треба да го направите тоа. Се сложивте на одредени граници уште од почетокот и треба да бидете отворени за нив. Ако сакате да пробате нешто ново, зборувајте за тоа.
Пријателите со бенефиции се одлични за експерименти бидејќи нема судење, а има удобност.
12. Ако почнете да развивате чувства кои не можете да ги контролирате, тогаш време е да ставите крај на врската
Кога спиете со некој, нема начин да направите да исчезнат чувствата кон таа личност. Треба да им кажете и треба да се одвоите еден од друг, бидејќи не би сакале вашите чувства да станат силни, особено ако пријателот со бенефиции не се чувствува така.
Најдобро е да продолжите со животот бидејќи условите за ваквата врска ги кажавте уште на почетокот, а чувствата никако не се дел од нив.
С. С. | Црнобело