Кога едноставно знаеш дека тоа е таа вистинска љубов за која сите зборуваат...
Велат дека едноставно ќе ја препознаеш вистинската љубов, дека таа е како удар на камион, како вкус на свежо приготвено кафе или како силен дожд штом излезеш од дома.
Но, некогаш и не е баш така. Понекогаш тоа е мало жарче после див оган, топење на шеќерни кристали на топлина, мирис на трева после дожд и виножито кое се создава над вас. Понекогаш е како ладно утринско ветре што е секогаш тука, но никогаш не сте го забележале.
Таа е цвет кој расте додека се грижиш за него, мало зрно песок во огромна пустина, музичка нота од која се создава волшебна музика.
Љубовта понекогаш нè прави посвесни. Ни ги изострува сетилата и ни ги отвора очите.
Таа не нè изненадува туку нè обвиткува со добро познатата топлина.
Таа е насмевката која без причина ти се појавува на лицето додека одиш на работа и пеперутките кои ти летаат низ целото тело кога ќе се сетиш на секој допир меѓу вашите тела.
Таа е среќата која ја чувствуваш додека сте заедно; нов вид на среќа, кој никогаш не си го почувствувал/а, а сепак ти изгледа толку познато.
Таа е начинот на кој вашите раце совршено се спојуваат и не сакаат да се раздвојат.
Таа е во вашата смеа и моментите кои ги делите; смеа каква претходно со никого не сте ја доживеале.
Таа е тој поглед еден во друг кој прави да се изгубите во вселената.
Таа е бакнеж за добра ноќ на крајот од денот... со кој едноставно знаеш...
Знаеш дека тоа е вистинската љубов за која сите зборуваат.
М. С. | Црнобело