Работи кои ја убиваат врската
Ако се прашувате зошто вашата врска станала неподнослива, веројатно треба добро да ја анализирате моменталната ситуација и да бидете објективни.
Проследете на што се должеле вашите последни караници и бидете реални - почнете од себе. Доколку не можете да најдете ништо погрешно во вашето и нејзиното однесување, тогаш размислете дали ова се вашите настанати навики:
Неслушање
Комуникацијата е клуч во секоја врска, па ако таа не е добро воспоставена вашата врска може да западне во навистина ризична ситуација. "Тренирајте" трпение - малку е потрено да бидете трпеливи, а крајниот резултат може да направи пресврт во вашата врска.
Голем 'багаж'
Секој од нас влече со себе одреден 'багаж' од минатите врска, искуства, навики, но разберете - вашиот партнер имал живот и пред вас. Сосема е на место да забележите одредени работи кои ви пречат, но прифатете ја личноста онакава каква што е.
Проблем со обврски
Доколку не сте доволно созреани да ги прифатите обврските и одговорностите кои доаѓаат во пакет со вашиот партнер и врската, тогаш не очекувајте вашата врска да успее.
Семејни проблеми
Не мора да ги обожавате родителите на вашиот партнер, но морате да дадете се од себе за да покажете љубезност и почит кога се тие во ваша околина. Тој/таа ќе го цени тоа!
Работа
Денес навистина претставува огромен успех да можете да ги избалансирате приватниот живот и кариерата, па затоа бидете максимално флексибилни и прилагодливи и покажете разбирање за работата на вашиот партнер.