4 главни причини зошто не треба да правите пауза во врската

Некогаш имате чувство дека единственото решение за моменталната ситуација е да направите пауза во врската, но дали е тоа навистина вистинското решение? Ова се работите за кои треба да размислите пред донесувањето таква одлука...

4-glavni-pricini-zosto-ne-treba-da-pravite-pauza-vo-vrskite-01

Паузите во врските беа популарни кога бевме средношколци, а тоа зборува доволно што значат тие.

1. Паузата нема да ги реши проблемите во вашата врска

Комуникацијата е таа која можеби ќе ги реши проблемите, но паузата од неколку недели сигурно нема, бидејќи голема е веројатноста дека за време на истата нема да комуницирате, барем не онака често како претходно.

2. Таа ќе го направи вистинското раскинување уште полошо

Секоја чест на исклучоците, но често, паузата дава лажна надеж на паровите дека ќе успеат да ги решат проблемите. Ако имате толку многу проблеми што морате да поминете некое време разделени, многу е веројатно дека истите нема да ги решите туку само ќе мора двапати да поминувате низ болниот процес на разделување.

3. Проблеми со довербата

Голема е веројатноста дека во даден момент ќе почнете да се преиспитувате каде е тој, со кого е и што прави и зошто воопшто му требала оваа пауза, а сето тоа може да доведе до тоа да почнете да му приговарате за фактот дека тој си заминал од вас, па дури и може да престанете да му верувате, бидејќи ќе мислите дека истовремено си ги испробува шансите со некоја друга.

4. Ако ви е потребно време да сфатите дали ви се допаѓа некој друг...

...веројатно не е така, барем не доволно, па зошто тогаш само да губите драгоцено време?

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg