7 Начини да ја освоите
Дали некогаш сте се запрашале што е потребно за да ја освоите девојката која ви се допаѓа? Таа е тип на девојка за кој секој маж може само да сонува...
...а на вас ви се допаѓа екстремно многу.
Следната листа содржи 7 методи кој ќе ви помогнат да ја придобиете.
7. Совладајте го стравот од приоѓање на жени – мора да бидете опуштени. Пријдете и започнете да разговарајте со неа. Чекор по чекор. Немојте да бидете нападни. Денес е нормално да започнете разговор без разлика дали се знаете или не.
Ако сте пренервозни за разговор можете да и дадете комплимент од типот: “Здраво, само да ти кажам дека си преубавa. Ти посакувам добра забава“.
6. Воспоставете контакт со очите – кога ќе бидете во фаза да сте поопуштени и да дадете комплимент, обидете се да одржите контакт со очите додека зборувате.
Прашајте вообичаени работи кои би ве интересирале, а би ви ја олесниле работата и би почнале да разговарате.
5. Запомнете колку е важен внатрешниот страв – ако немате став, разбирање и вештина – вашиот изглед е бескорисен. Ако ги поседувате овие работи – изгледот ќе падне во втор план. Секој ден направете нешто за да ги подобрите своите вештини.
4. Сакате ли “десетка“? – “десетка“ жаргонски се кажува за девојки кои се убави и од внатре и од надвор – згодни, интелигентни, емоционално зрели и знаат што сакаат. Ако барате ваква девојка, тешко дека ќе ја најдете во клубови и кафулиња.
Проверете ги културните настани, теретаните или курсеви по јога. Овие девојки водат стресен живот и бараат вистинска релаксација.
3. Одлучете што сакате – ако сакате да излегувате со различни девојки, направете го тоа. Ако сакате сериозна врска, свртете се во таа насока.
2. Оставете впечаток – ако го започнете разговорот на правилен начин, и оставите добар прв впечаток, автоматски патот понатаму ќе ви биде полесен.
1. Подигнете ја вашата игра на повисоко ниво – константно работете на себе. Учете од секоја интеракција. Ако не вложувате во себе нема да имате никакви резултати. Немојте да дозволите да се случи тоа.