Spanking за време на секс
Да си го “добиете“ по задникот може да биде и тоа како секси. Поголем број жени фантазираат за spanking или по наше би дошло “малку по газето“.
Впрочем и мажите во текот на сексот сакаат да си играат на овој начин.
За да ја сфатите уметноста на еротското spanking потребно е да ги разберете следните 5 работи:
1. Задникот е примарна ерогена зона, но за разлика од градите и вратот, на задникот нервите се наоѓаат подлабоко под кожата и масното ткиво и затоа бараат пожешка стимулација – баш како што е spanking.
2. Правилно изведено “плескање по задникот“ кога таа е навалена преку вашите колена доведува до дополнителна стимулација кога нејзините гениталии се допираат до колената или перницата (што и да се наоѓа под неа).
3. Чувството на потчинување е важен дел од женската сексуалност и многу жени мораат да се одречат од контролата и потполно да се предадат за да можат да се чувствуваат секси.
4. Ова е предигра во која не ужива секоја девојка, затоа бидете внимателни.
5. Дозволете и малку време да се опушти и фрлете се на работа.
Spanking-от е еротска игра која е особено атрактивна за паровите кои сакаат да експериментираат. Затоа – препуштете и се на фантазијата и уживајте!