Кога е време за озбилна врска?
Кога е вистинското време за да се впуштите во сериозна врска? Како да се одлучите дали е тоа вистинската личност со која сакате да го споделите...
...остатокот од животот? Ние не знаеме да ви кажеме, но може да споделиме неколку совети со вас.
1. Немојте да се врзете премногу рано
Младите луѓе кои стапуваат рано во брак имаат големи шанси да се разведат. Иако заљубеноста и љубовта во младите денови се чини како нешто нераскинливо, истражувањата покажуваат обратно.
Најмала веројатност да успеат имаат паровите кои врската ја започнале пред да наполнат 19 години. Уште една околност која не е во прилог на врската е ако девојката забремени млада.
Потребно е да се чувствува сигурност, зрелост, доверба за да може да се дели интимата и животот со некого.
2. Не се врзувајте пребрзо
Оние кои немаат многу искуство со промена на партнери во животот, најчесто веднаш се впуштаат во сериозна врска.
Потребно е да се искусат и променат повеќе партнери и партнерки во животот за да видите што е она кое ви е навистина потребно во животот – тврдат психолозите.
Додека не се запознаете доволно добро (период од 8-9 месеци) добро размислете дали ќе се впуштите во сериозна врска. Вистинското лице на луѓето се покажува во различни и несекојдневни ситуации.
Пред да се одлучите на заеднички живот или брак – проверете ги своите мотиви и причини зошто го сакате тоа.
3. Посветете внимание на заедничките интереси
Луѓето со заеднички интереси и навики имаат подобра можност за заедничка иднина. Тоа дека спротивностите се привлекуваат не важи на долг рок. Истражувањата покажале и дека преголема разлика во годините не е добра, но има исклучоци.
4. Партнерот мора да ви дава поддршка
Особено во клучните моменти мора да е тука и физички и емоционално – тоа е личност со која се чувствувате сигурно.