Што ќе откриеш кога ќе се заљубиш во силен маж?

Силниот маж нема никаква врска со големи мускули. Силниот маж има голема душа, уште поголемо срце и моќна самодоверба.

sto-ke-otkries-koga-ke-se-zaljubis-vo-silen-maz-01.jpg

Тој е силен затоа што може да те крене кога ќе паднеш, затоа што неговата прегратка е местото каде се чувствуваш најсигурна.

Неговата сила се внимателноста, нежноста и емпатијата.

Тој со примери ќе те учи што е љубов. Што значи да примиш и да дадеш љубов. Тој ќе го прошири твоето срце додека не сфатиш дека тоа е многу поголемо отколку што си самата ти.

Ќе те научи што значи да живееш во моментот. Ќе откриеш повторно што значи да ја кажуваш вистината. Ќе откриеш дека не мораш да се плашиш од сопствените зборови и мисли само за да не започнеш кавга. Тој ќе прифати се што имаш да кажеш без расправија, сакајќи со тебе да ги истражи ставовите.

Ќе се чувствуваш сигурна. Тој ќе ти даде сила да ги следиш своите страсти, повторно да ја оживееш душата и срцето. Она непознато што некогаш те плашеше, сега станува авантура за која си и повеќе од подготвена.

Ќе те научи како да продолжиш и во најтешките периоди. Ќе ти открие дека е во ред да паднеш на колена и дека откажувате и повлекувањето не мора да бидат единствени опции кога пред тебе се тешки времиња.

Ќе те научи дека внимателноста и нежноста не се слабости, туку голема сила.

Ќе те научи што значи компромис, но истовремено и што значи да се држиш до своите принципи кога ти се важни.

Тој ќе ти открие што значи да создадеш среќен дом, прекрасно семејство и исполнета врска со сите кои ги сакаш. Тој ќе те научи како да се зближиш со другите затоа што ти покажал како целосно да се зближиш со него.

Тој ќе те научи многу работи, но најважно од сè, ќе те научи дека не само тој оној кој ја создал најубавата љубов која некогаш постоела.

А, покрај таков маж, ти ќе можеш сè.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg