Митови за неверството
Без разлика на тоа дали вашата девојка ве изневерила, во тоа се сомневате или вие сте ја изневериле неа, во продолжение следат неколку митови...
... кои се поврзани со неверството а треба да ги знаете пред да излезете со оправдание за направеното или да го проверите постоечкото.
Причините за неверство може да бидат многубројни, а ова се само некои од нив:
- Луѓето изневеруваат бидејќи не се задоволни дома
Ова е мит кој е вистинит за жените. Но, за мажите не е - многу мажи кои ги сакаат своите сопруги, ги изневеруваат.
- Мажите изневеруваат повеќе од жените
Иако во минатото ова беше точно тврдење, денес тоа веќе не е случај. Можеби мажите повеќе зборуваат за изневерување, но и жените изневеруваат. Поминаа деновите кога жените своето незадоволство го решаваа со нова фризура или шопинг. Разликата е тоа што мажите често бараат некоја за забава надвор од бракот, додека жените ја бараат својата сродна душа.
- Аферите во главно вклучуваат само секс
Некои авантури се базираат исклучително на секс, но некои од нив не. Овој мит е само делумно точен. Некои афери се резултат на љубов која од една или двете страни не може да биде остварена од повеќе причини. Сексот може и да не е составен дел од аферата, или пак да не е она најважното што ги тера да се гледаат.
- Ако ве изневерува, не ве сака
Можеби тоа е единственото чувство кое ве обзема кога некој ќе ве изневери, но тоа не е секогаш точно. Тоа може да е некој чуден сплет на околности, дури повеќе може и да значи дека не ве почитувале доволно, но не и дека не ве сакале.
- Секс со поранешниот партнер не се смета за изневерување
Иако многумина го користат ова како изрека, тоа и понатаму се смета за неверство.
- Неверството може да го зацврсти бракот/врската
Ова е мит кој речиси никогаш не се докажал за точен. Иако за некој може да послужи како добра изрека, тоа и понатаму не е оправдан изговор. Некои кои простиле неверство тоа можат да го потврдат, сепак тоа го прават со нецелосна доверба. Неверстовото секогаш носи сомнежи во врската или бракот, и веројатно не постои начин кој може да ги зацврсти истите.
- Ако и претходно изневерувал, и вас ќе ве изневери
Иако многумина не сакаат да признаат, сепак ова е горката вистина. Изневерувачите можат да се заљубат и да го одложуваат неверството, но при најмала шанса лесно ќе подлегнат и повторно ќе го направат истото. Еднаш неверник, веројатно - секогаш неверник.
- Не е неверство ако партнерот не дознае за тоа
Тоа зависи од личноста. Постојат луѓе кои немаат грижа на совест и нема да се каат ниту ќе мислат дека направиле нешто лошо се додека другара страна не дознае. АКО дознае. Постојат и онакви кои не можат да го издржат притисокот на совеста, па едноставно ќе си кажат или несакајќи ќе се издадат.