Начини да бидете секси

Нема ништо лошо во тоа да сакате да бидете сексипилни се додека можете да разликувате сeксипил и вулгарност. Сексипилноста кај некои жени...

 

...е природна но не и вродена, што значи дека секоја жена може да изгледа секси ако се потруди. Eве како:

- Грижете се за својот изглед

Да се облекуваш сексипилно не е исто што и провокативно. Пронајдете ја облеката која ви одговара и која ви е удобна. Експериментирајте со стилови се додека не го пронајдете оној во кој најдобро се чувствувате.

nacini-da-bidete-seksi1

- Изградeте свој стил

Немојте никого да копирате. Добро е инспирацијата да ја барате и во другите, но мора да откриете што најдобро ви стои вам.

- Обрнете внимание на детали

Не смеете да носите ефтина долна облека само заради тоа што никој нема да ја види.Никогаш не ги прескокнувајте вашите ритуали за лична хигиена. Немојте да носите искинати чорапи.

- Однесувајте се добро кон себе

Се додека кон себе не се однесувате како со кралица нема да бидете секси без оглед на тоа колку добро изгледате.

- Многу луѓе сметаат дека сексипилните жени се снобови

Секси жена мора да биде слатка, љубезна и мила. Престанете да се однесувате дрско, злобно и арогантно. Ако сакате да бидете секси треба околу себе да створите атмосфера во која на секој ќе му биде пријатно.

- Смешкајте се

Бидете постојано со насмевка на лицето. Ако ги погледнете телевизиските сапуници ќе забележите дека жените кои имаат секси и привлечни улоги  секогаш, па и во најтажните ситуации, имаат насмевка, додека злобните, непривлечни девојки и кога се весели имаат "обесени" усни. Насмевката нека ви стане природна положба на усните.

Би можело да ве интересира:

15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg