Како изгледа љубовта во очите на еден уметник?
Љубовта истовременоможе да се опише на милион различни начини, а од друга страна пак, останува и необрајснета.
Но, како изгледа низ очите на еден уметник? Илустрациите на Зак Рец ќе ви покажат како изгледа љубовта низ очите на еден уметник:
1. Љубовта е кога си тажна затоа што доцни и се прашуваш каде е и зошто се задржат, а воопшто не ни претпоставуваш дека за тоа време тој се бори со сите кои му се наоѓаат на патот и му крадат минути од времето кое може да го помине со тебе.
2. Љубовта е она необјасниво чувство на топлина кога ти е доволно само што е тука...
3. И тоа чувство кога цврсто те држи покрај себе, тогаш кога ти е ладно.
4. Или тогаш кога воопшто не ти пречи што надвор врне, кога дури и чорапите внатре во чевлите ти се мокри, само затоа што тој е тука за да те прегрне под чадорот.
5. Љубов е тогаш кога повеќе не ти треба перница, бидејќи најубаво се потпираш и заспиваш на неговото рамо.
6. Љубов е и тогаш кога му пречиш додека работи, а тој со насмевка ќе те разбере.
7. И тогаш кога гледате филм заедно, кога во еден момент брзо го бакнуваш, бидејќи толку си се занела во филмот што си заборавила дека е покрај тебе, а во еден момент сфаќаш дека си среќна што е токму тука покрај тебе.
8. Љубов е тогаш кога си негова најголема инспирација.
9. Па и тогаш кога сакаш негови деца, само за да личат на него.
Н. Г. | Црнобело