Модерно раскинување: Чекори
Постои ли нешто полошо од тоа кога ќе ве остави саканата особа, кога ќе ви прекине врската или бракот, кога партнерот веќе не ве сака?
Веројатно има, но сега ќе се концентрираме на раскинувањето.
Значи не сте веќе најслаткиот пар во градот и станувате постојан клиент на шанкот. Плачете, во ред е да се плаче. Малтретирајте ги пријателите, кукајте на сите за тоа колку ви е тешко. Запалите неколку стари фотографии од "среќните времиња"...
Како и да било, веројатно ќе ги поминете седумте степени на денешното модерното раскинување.
Прв чекор - Пијанчење
Раскинување на врска е како паѓање од коњ. Стручњаците (т.е сите оние кои поминале низ ова) се сложуваат дека најдобрата терапија е тотално алкохолизирање. Обидете се првите неколку дена помалку да пиете, а штом добиете чувство дека сакате, надигнете еден јегермајстер и ако ви се насолзат очите префрлете се на вотка.
Втор чекор - Фанатично менување статуси на Facebook
Значи, откако во потполност го изложивте својот џигер на опасност од добивање на рак, време е светот да дознае за вашата болка и да ве разбере. Да, да најдобро е секој од пријателите да го известите како ви е, и пред се - промете го вашиот статус на Facebook.
Притоа на ѕидот обично стојат коментари во стилот на "никогаш веќе неморам да го видам тој гад". Сепак стручњаците велат дека ако имате проблем со изразување на своите чувства во зборови, тогаш пронајдете некоја симболична песна.
Трет чекор - ЕМО музика
Ете, благодарејќи му на Facebook сите знаат дека сте сингл. Сега слушате музика со која се сожалувате самите себе. Запамтете, ако текстовите на песната не се пеат на начин да пеачот вришти како да му е раката во оган и ако истиот нема црна шминка околу очи , не сте го погодиле правиот тип на музика.
Четврти чекор - Бесни телефонски повици на бившиот
До сега би требало да имате запаметено стихови кои ja прикажуваат вашата патетична состојба. Следен чекор е прифаќање на моменталната состојба - дека ве 'откачиле'. Повеќето од вас ја одбираат опцијата да му/и се јават на бившиот/бившата и да објаснат зошто го/ја мразат користејќи ги најлошите зборови кои им паѓаат на памет.
Ако никој не се јави оставете порака на секретарката. Пцуењето, навредите и лажни обвинувања обидете се да ги изоставите. Сепак, вие сте сте културна, зрела личност...освен ако не ве повредиле премногу - тогаш е дозволен скромен истур на гнев!
Петти чекор - Жалење на пријатели
Сега е на ред телефонирање со пријателите. Да, ги повикувате да дојдат кај вас, да преспијат се со цел да се изназборите. Малку навредувајте го/ја бившиот/бившата - ќе ви биде подобро, малку бранете го/ја и оправдувајте но само кога и пријателите се сложуваат со вас.
Веројатно во тие моменти ќе бидете неутешни и никој од вас нема да може да дојде на ред да каже нешто на некоја друга тема. Тоа е сосема нормално - вие сте повредени и тажни.
Шести чекор - Изолираност и тешка депресија
Ако на крај излезе дека вашите пријатели немаат разбирање, некои личности наоѓаат време да се вратат во самотијата во својата соба во темница под покривка. Во никој случај не одговарате на мејлови и повици. Во овие моменти вашите пријатели би требало да се загрижат за вашето психичко здравје. Ако имате добри пријатели, тие веќе ќе бидат на вашата врата со вашиот омилен десерт.
Седми чекор - Секс под дејство на алкохол
Ете! Најлошото помина и сега сте најпосле подготвени да се вратите во игра. Време е да излезете со вашите пријатели и да бидете безгрижни! Можеби ќе дојде момент на слабост кога алкохолот повторно ќе ве удри во глава, но внимавајте - ако се одлучите за секс за една вечер - размислете подобро. Не би сакале наредното утро да се каете за катастрофалната грешка од претходната вечер. Но, ако сепак тоа ви е од помош, тогаш заштита е обавезна. Важно е да се навикнувате да не "кукате" секоја вечер за бившиот/бившата во туѓо присуство. Вие одберете која метода најдобро ќе ви послужи за да ја остварите поставената цел.