На кој начин вие љубите?
Професионалците велат дека љубовта доаѓа во неколку различни облици кои понатаму се делат на уште повеќе стилови. Она што можеме со сигурност...
... да кажеме е дека секој љуби на свој начин, и за секого љубовта значи нешто друго. Истражувањата сепак покажаа дека постојат неколку главни нијанси на љубов:
Луда заљубеност
Луѓето кои на овој начин ја доживуваат љубовта треба да бидат многу полни со страст, интима и чувства, а љубовта во овој случај има силна емоционална и сексуална компонента. Ваквите личности сакаат засекогаш да се близу својот партнер и физички и психички, а често се случува да ја идеализираат љубовта.
Игра на емоциите
Некои луѓе ја сметаат љубовта како играта со емоции на другата личност, а се со цел да би стекнале контрола над партнерот. Често дел од нивната игра се лажењето, изневерувањето и неморалност.
Опсесивна љубов
За некои, љубовта е нешто што целиот живот ќе им го сврти наопаку и ќе резултира со целосно губење на идентитетот. Луѓето кои вака ја доживуваат љубовта, брзо се заљубуваат, но таа љубов на крајот ги уништува и често се прекинува пред да созрее. Ваквите врски ги карактеризираат избрзани одлуки и силни заблуди.
Сигурност и сталоженост
Љубовта за некој претставува постепен процес. Таквите луѓе сакаат да го запознаат партнерот пред да се препуштат во бура од емоции, па не е ни малку чудно да се тоа оние луѓе кои го доживуваат ваквиот тип на љубов кон своите пријатели.
Грижливост и нега
Грижата за партнерот за некој е синоним за љубов и врска. Имено, некои луѓе имаат неверојатна желба да се грижат за некој и на некој да му искажуваат своите чувства, емпатија и алтруизам.
Логична љубов
Иако звучи неприродно, некои личности имаат практичен пристап на љубовта. Размислуваат со помош на здравиот разум и одбираат соодветен партнер по долга анализа и студирање, така што практичноста се наоѓа во нивниот процес на љубовта.