6 болки кои со секс се лечат подобро отколку со било која таблета
Веќе болките не ви се изговор, туку причина да имате повеќе секс. Иако прва асоцијација за сексот е уживање, сепак стручњаците тврдат дека водењето љубов може да има ефект на таблета против болки.
6 типа на болки кои може да ги ублажите со неколку минути секс, наместо да пиете апче:
1. Затнат нос
Сексот е природен антихистамин. Ќе ви го олесни дишењето и одзатне дишните патишта.
2. Болки во мускулите
Сексот е еден од најсигурните спортови. Водењето љубов со минути и часови го тонира телото, а и е позабавно од 20 препливувања на базен. Плус, не ви треба никаква опрема.
3. Кожни проблеми (акни, дерматит)
Ако водите љубов полека и нежно, ќе се ослободите од сите кожни проблеми. Потта која се испушта ги чисти порите и ја прави кожата посјајна.
4. Депресија
Сексот е одличен лек против депресијата затоа што отпушта ендорфин во крвта, што доведува до блага и позитивна еуфорија.
5. Стрес
Сексот е одличен за смирување и на мускулите и на нервите. Поделотворен е од било која таблета, а тоа ќе го откриете само ако пробате и споредите.
6. Заби
Бакнувањето ви ја одложува посетата на стоматолог. При бакнувањето се намалува количината на киселина која предизвикува кариес и со тоа ги спречувате наслагите на забите.
М. Д. | Црнобело