Болка што не се лекува со алкохол, туку со заборав

Еве сега кога ќе размислам не беше сѐ толку катастрофа со него. Беше убаво, ма и повеќе од убаво. Си се сакавме – се љубевме толку силно што никој не можеше да го скрши тоа. Беше убаво кога си правевме убави работи еден за друг – по некој гест овде, по некој гест онде...

bolka-sto-ne-se-lekuva-so-alkohol-tuku-so-zaborav-01

Чат-пат се прашувам каде замина сето тоа. Каде замина сета таа грандиозна, психотична, невротична и каква уште не љубов што ја акамулиравме и чувавме. Ја чувавме како цвеќенце, ама ете, ја снема.

Најтешко е кога некој полека го губиш и ти се лизга низ рацете, а не можеш ништо да направиш. Полека се губат повиците од типот „сакав само да те чујам“, полека се губи отворањето на душата во ниедно време, полека се губи поврзаноста... Полесно е кога е наеднаш. Едноставно исчезнува и готово, заврши. А, она полека, тоа боли и пече. Пече како кога пиеш ракија и ја чувствуваш како ти го гори грлото.

Секој почувствувал таква болка барем еднаш – болка што не се лекува со алкохол, туку само со заборав. Ама ајде да те видам заборави ја. Ќе те уништи попрво, однатре ќе те сотре и ќе ти ја пеплоса душата. И ретко има враќање назад.

Понекогаш се прашувам дали некогаш јас ќе љубам некој како што го љубев него. Се прашувам дали тој ќе љуби некоја како мене. Лудачка која ти ѕвони уште 15 пати откако ќе ѝ спуштиш, која доаѓа до последна станица само за да се прости со тебе и те изненадува кога најмалку ја очекуваш. Љубопитна девојка која никогаш не ти го заборава роденденот, без разлика што 2 дена претходно мајка ти ја пцуела и ги прави најненормалните работи само за да ти докаже дека те сака и отсекогаш те сакала.

Некогаш се прашувам дали тој се прашува истото. Дали јас ќе најдам некој лутко како него. Такво гордо суштество што смета дека е награда самото тоа што гази по земјава. Скриен романтичар кој го пробива светлото на денот како феникс кој се крева од пепелта само кога е тоа апсолутно неопходно. Пијаница која пред да се испијани ти го кажува патот до дома за потоа ти да му го кажеш нему, иако си километри далеку. Сељак кој ти посветува песни иако ти не ги слушаш.

Ама каков и да беше, со лудачкава некако си одговараа. Тој го отвораше мојот апетит за посесивност, а јас неговиот за гордост. И тргавме... тргавме долго долго време и сѐ уште мислам дека не дотргавме, нити па ќе дотргаме. Секогаш ќе има нешто што нѐ поврзува – нека не е љубов, нека е пријателство, нека е гордост, нека е смеа, нека се убави моменти. Нека бидат палачинки измачкани по лицето, шетања по дождот и испраќање по станици. Нека биде сѐ. Нека остане за спомен. Бидејќи изгледа дека така е најдобро.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg