6 правила на паровите кои секогаш остануваат заедно
Иако велат дека во љубовта, како и во војната, се е дозволено, сепак постојат одредени правила кон кои би требало да се задржите ако сакате љубовната врска да биде успешна и трајна.
Досега сигурно ви е јасно дека секоја врска си бара компромиси и разговори. Но, за да трае до крајот на животот важни се само овие 6 правила:
1. Гледајте се често
Колку и да живеете далеку, пробајте да одвоите максимум време. Не бадијала се вели дека колку подалеку од очите, толку подалеку од срцето.
2. Создајте си ваши мали ритуали
Резервирајте го вторникот за кино, петокот за опушено пиво, саботата за одвоени излегувања, а неделата за утринско кафе за расонување.
3. Бидете присутни
Кога сте заедно, заборавете на Фејсбук, Инстаграм, пријателот кој баш сега најде да ви се јави, пријателката која има неодложен трач... Меѓусебната комуникација е темелот кој треба да го градите на секое гледање.
4. Исполнување на ветувањата
Со други зборови, не ветувајте нешто, за потоа да си го прекршите зборот. Тогаш станувате личност на која партнерот не може да се потпре.
5. Карајте се паметно
Бидете искрени, кажете што ви пречи, но разговарајте за конкретен проблем, не само да викате. Нема место за удари под половина, галама и заминување, ако сакате здрава врска. Плус, никогаш не си легнувајте лути.
6. Чувајте си го грбот еден на друг
Дури и кога тој или таа не е во право, добро би било да сте на негова/нејзина страна. Безрезервната поддршка е она што секој го очекува од својот партнер. Дури откако ќе дојдете дома или ќе останете на само, може да разговарате кој бил, а кој не бил во право.
М. Д. | Црнобело