6 работи кои болат повеќе од изневерување, според жените
Дали изневерувањето е работа која се простува или не, е најважното прашање за кое се дебатира во секој љубовен однос.
Додека едни сметаат дека емотивното и сексуалното изневерување се капката која ја прелева чашата, неколку жени откриваат дека има и полоши работи.
Ова се 6-те кои очигледно најмногу ги погодуваат девојките и жените:
1. Откажувањето од врската. Полесно би им било ако партнерот да ги изневери, отколку да им каже „не те сакам повеќе“.
2. Ако откријат дека на друга жена и ги доверува заедничките тајни и проблеми. Тоа е многу подлабоко од спиење во туѓ кревет.
3. Било каква болест или зависност е далеку полоша за врската отколку да откриете дека ве изневерува.
4. Откритието дека тајните не се безбедни со него и истите завршиле во кругот на неговите пријатели.
5. Лажење. Дури и ако партнерот има секс со друга жена во пијана состојба, некои жени би разбрале. Сепак, она што би го почитувале е искреното признание пред да откријат од друго место. Така постои некоја шанса за простување.
6. Споделувањето на интимни фотки и пораки со трети лица. Жените ова го сфаќаат како брутално напаѓање на нивната приватност.
Д. М. | Црнобело