Како да се справите со болката предизвикана од невозвратена љубов?
Дали се работи за вашиот најдобар пријател, вашиот шеф, или вашиот близок пријател кој во врска со некој друг, постојат врски кои се осудени на пропаст.
Овие љубови никогаш нема да бидат возвратени. Секогаш кога овие личности ви се во близина со тешки напори ги криете своите емоции, надевајќи се дека нема да ги приметат вашите вистински чувства.
Постојат моменти кога се запрашувате зошто сте се подложи на овој вид на тортура. А, одговорот е прилично едноставен: тие ви носат радост.
Како да се справите со болката предизвикана од невозвратена љубов?
Уживајте во вашето заедничко време, но не барајте ништо повеќе. Фокусирајте го вашиот ум на добрите времиња и заборавете на сé друго.
Не поставувајте ги прашањата кои би можеле да ви наштетат и да ве повредат. Прашања во стил: "Дали некогаш си ме сакал?" и "Не сум доволно добар/ра за тебе?" можат само да предизвикаат тензија во вашиот однос.
Пренасочите го вашето внимание на одредено хоби. Ако трошите премногу време во анализирање на вашите чувства време е да најдете ново хоби. Ова не само што ќе ви помогне да ја ублажите болката, туку ќе ве направи повеќе креативни, а креативноста е секогаш добра работа.
Бидете опкружени со пријатели. Сигурно и тие имале слични искуства и можат да споделат неколку совети.
Не треба да се преправате дека сте во ред ако чувствувате болка. Лажните насмевки се лицемерни, исцрпувачки и нема да ви помогнат да се чувствувате подобро.
Излегувајте со други луѓе. Не треба да се плашите дека со тоа ќе ги изгубите сите шанси кај личноста која и онака не можете да ја имате. Се работи само за сентиментални чувства.
Пишувајте за вашите чувства. Пишувањето може да ни даде јасна слика за нашите чувства. Секогаш можете да го препрочитате она што сте го напишале и да откриете дека имате талент.
М. А. | Црнобело