Мали незабележливи однесувања на мажите кои ги оттргнуваат жените
Секоја жена сака да слуша убави зборови и да биде воздигната на седмо небо од личноста која ја привлекува. Но, кога е доста од сето тоа?
Некои работи без објаснување прават жените да се оттргнат и да не бидат заинтересирани, па си бараат изговори зошто да не го продолжат разговорот.
Што ги оттргнува жените?
1. Кога машките носат кошула на која последните горни копчиња не се закопчани и од доле се гледа маица. Ова не можат да го објаснат, но се чувствуваат како да се наоѓаат во 2003 година.
2. Кога некој е многу, многу шармантен. Убаво е да се биде шармантен, но што ако е премногу шармантен? Постојано се прашуваат, што крие?
3. Кога се огледуваат во излозите на продавниците. Или пак додека позираат пред огледало насмевнувајќи се и префрлајќи ја косата.
4. Кога пцујат премногу. Не мислите дека една пцовка е доволно да се употреби еднаш во реченица?
5. Кога ќе ви пишат, а немаат што да кажат. Во ред е да се има желба да се разговара но глупави, кратки пораки се здодевни.
6. Кога постојано го проверуваат својот мобилен телефон. Си мислите дека сте досадни? Време е да се оди дома и нема што повеќе да се каже?
7. Кога се споменуваат бившите прерано во врската. Сите имаат поранешни партнери, но некогаш е прерано да се споделат сите детали.
М. Д. | Црнобело