Колку долго ќе ви трае врската? 4 типови на врска кои откриваат дали сте еден за друг
Многумина се прашуваат која е тајната на долгогодишните парови, а некои веруваат дека мора да постои некаква научна формула која дефинира дали една врска ќе опстои.
Веројатно довербата, верноста и заедничката љубов за „Game of Thrones“ ви паѓаат на ум...
Во меѓувреме, научниците веруваат дека ја откриле формулата по која можете да откриете дали вие и вашиот партнер и сè се сведува на тоа како се однесувате заедно.
Едно истражување направено од страна на списанието „Family and Marriage“ открива дека постојат 4 типови на парови и кој од овие типови веројатно ќе стапне пред олтарот.
Дали вие и вашиот партнер имате бурна врска, врска која би можела да се дефинира како возење на ролеркоустер? Ако одговорот е потврден, тогаш вие влегувате во првата група која е именувана како „драматична“.
Овој тип на пар најчесто не се конзистентни во емоциите, лошите елементи од врската ги објаснуваат со реченицата „не сме добри заедно“ и најчесто го обвинуваат другиот партнер за проблемите во врската.
Веројатно не се чудите, но истражувањето открило дека овие парови најчесто не продолжуваат понатаму или немаат среќна и успешна врска.
Покрај драматичните парови, научниците идентификувале уште еден тип на парови кои имаат тенденција да се расправаат.
За разлика од првата група, кај овие парови помала била веројатноста да раскинат.
Третата група сакаат социјално да бидат инволвирани, односно прифатени од луѓето околу нив.
За третата група, „моите родители и пријатели го сакаат мојот партнер“ е една важна ставка која влијае на тоа дали ќе останат заедно.
Најуспешните парови се оние кои биле насочени кон потребите на партнерот.
Овие парови имаат бројни позитивни точки, заеднички ставови и се фокусираат на потребите несебично, па не е ни чудно што успеваат да бидат долготрајни.