За мажите постојат 9 типа на жени
Речиси секогаш мажите своето мислење за жените го создаваат според првиот разговор. Освен ако не ги гледаат како пријателки.
Но, доколку не ги ставаат во пријателската зона, најчесто ги ставаат во една од овие категории:
1. Жена за една вечер
За мажите, се работи за лесна девојка која веројатно спиела со многу други. Мажите мислат дека е доволно да ја однесат на вечера или да и купат подарок. Тажниот дел тука е дека речиси сите мажи на овие девојки гледаат многу негативно. Ретко кој би сакал да се поврзе со нив, но тајно сите сакаат да спијат со нив, бидејќи се неодоливи и секси.
2. Добра девојка
Оваа убава девојка е слатка, фина и добра и сите сакаат да бидат со неа. Овие жени обично веднаш влегуваат во пријателската зона, бидејќи се премногу мили, убави и пријателски настроени. Таа е пријател кој сите мажи сакаат да го имаат најмногу поради тоа што преку неа ќе запознаат други девојки.
3. Резервната жена
Ова е жена со која мажите постојано флертуваат и повремено излегуваат. Најчесто се дружат со неа кога се осамени или немаат девојка. Ги сметаат за лесни жени бидејќи секогаш се на располагање.
4. Недостижната жена
Крајно сигурни и привлечни жени за кои мажите копнеат од далеку.
5. Жена која многу бара
Оваа жена може да биде одлична девојка, но со неа е премногу тешко да се живее. Веројатно е разгалена и сака секогаш сé да биде како таа наумила. Таа секогаш изгледа како штотуку да излегла од списание, неверојатно е привлечна, но, исто така е надвор од дофатот на мажите кои немаат длабоки џебови.
6. Забранета жена
Најчесто девојка на најдобриот пријател по која мажите тајно копнеат.
7. Најдобрата другарка
Жени со кои е секогаш забавно. Тие им се најдобри пријателки, ги разбираат и немаат предрасуди. Кон нив мажите најчесто немаат романтични чувства, бидејќи ги гледаат како дел од семејството.
8. Мирната девојка
Ова жена не зборува за секс или нешто сексуално. Таа може да биде интересна но нејзиното однесување може да стане здодевно за нејзиниот дечко. Таа е премногу стегната, не сака мрсни шеги и не сака промени.
9. Совршената жена
Никој всушност не може да ја даде вистинската дефиниција за совршената жена, бидејќи мислењата се разликуваат.
М. А. | Црнобело