3 работи кои треба да ги направите пред да ја изневерите девојката

Сите парови имаат моменти на слабост при караници. Караниците не се пријатни и ретко кога не завршуваат со „готово е.“ Мажите, како мажи, се повеќе склони кон изневерување за разлика од жените, (иако и жените изневеруваат) па затоа многу веројатно е дека после „жолчна“ караница тој ќе истрча во рацете на друга жена.

3-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-ja-izneverite-devojkata-001.jpg

Но, момци, пред да направите таква грешка, обратете внимание на овие 3 нешта, бидејќи тие можат да ве спасат пред да направите кобна грешка за која најверојатно потоа ќе се каете.

1. Зборувајте со вашата девојка, а не со бившата кога се чувствувате несигурно во врската

Има причина зошто е бивша – нешто не штимало во минатата врска и затоа сте раскинале. Ако се навраќате кон минатото, таму нема да најдете ништо ново. Од друга страна пак, ако ја сакате и сакате вашата врска да успее, тогаш разговарајте со девојката.

Клучот на добрата врска е комуникацијата. Ако таа ве сака и почитува, тогаш таа сигурно ќе ве ислуша што имате да кажете. Не се срамете, туку пробајте да излезете од комфорната зона и разговарајте. Само така ќе се спасите од грешка.


2. Замислете таа вас да ве изневери

Велат, „Пред да направиш нешто, стави се на местото од другиот.“ – па така, пред да ја изневерите, замислете дека вие сте на нејзино место. Не би сакале да дознаете дека наместо да се справи со проблемите што ги имате, таа се упатила во прегратките на друг маж, нели?

Ако вие не сакате да го доживеете тоа, тогаш претпоставувате дека ни таа не би сакала да се најде во таква ситуација.


3. Ако работите се толку лоши, тогаш раскинете

За неверство постои само една причина – несреќни сте во врската. Ако сте несреќни, тогаш многу подобро е да раскинете отколку да имате афера. Ако ја сакате доволно, без разлика колку се лоши работите, тогаш ќе најдете начин да ги разрешите проблемите. А, ако пак навистина мислите дека нема што да се спаси, тогаш раскинете.

Верувајте дека многу полесно ќе се справи со раскинување, отколку со неверство. И никако немојте да помислите дека нема да дознае - работите секогаш излегуваат на виделина, сакале ние или не. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg