Јазикот на љубовта
Петте примарни јазици на љубовта се: убавите зборови и признанија, заедничкото време, подароците, допирите и самата љубов. Велат дека...
...партнерите треба да зборуваат ист јазик на љубовта за да се одржат заедно.
Пронајдете кој е вашиот јазик на љубовта.
1. Убавите зборови -комплименти
Комплиментите се моќен показател на љубовта, тврдат експертите. Едноставни, кратки и убави изјави се клучни за да го покажете она кое го мислите на личноста која ви значи. Поделете ја љубовта така што ќе научите што го/ја радува, што го/ја прави да се чувствува посебна. Разговорот е најважна карика во една врска. Едноставно средство кое ја одржува блискоста помеѓу партнерите.
2. Поделеното заедничко време
Не станува збор за гледање филм или серија на телевизија. Одвојте време за прошетка во паркот. Возете ролери или велосипед. Научете да слушате што сака вашиот партнер или партнерка. Гледајте се во очи и споделувајте ги секојдневните моменти од животот заедно.
3. Подарете си мали нешта
Кратка порака, книга, убав збор. Не е важно дали ќе му подарите скап часовник кој утре ќе го изгуби или ќе напишете убава порака која ќе му остане засекогаш во сеќавањето. Исто како што не е важно дали ќе и подарите скап накит или само едно цветче. Ќе се уверите дека малите нешта ги прават луѓето значително посреќни.
4. Допирајте се нежно, држете се за рака.
5. Љубовта
Искреноста, делата, чувствата и способноста да покажете дека сакате некого. Кога ќе научите како да го правите ова, тогаш сте на прав пат да го зборувате вистинскиот јазик на љубовта.