Неженствени работи кои ги привлекуваат мажите

Жените се сметаат за понежен пол, полн со разбирање, емпатија и мајчински инстинкти, во споредба со мажите кои се прикажани како заштитници, агресивци и себични личности. Ова главно се должи на непишаните правила кои го диктираат однесувањето на „вистинските" дами и девојки кои мора да се почитуваат, со цел да се привлечат мажите.

Nezenstveni-raboti-koi-gi-privlekuvaat-mazite

Но, постојат одредени однесувања кои не се толку дамски, а ги привлекуваат мажите.

Може да поднесе алкохол

Коктелите обично се поврзуваат со жените, кога станува збор за алкохол. Но, доколку мажите видат дека девојките можат да пијат алкохол, особено „машки“ пијалоци, како пиво или виски, без да се опијат, тоа дефинитивно може да ги импресионира.


Гласно се смее

За мажите нема ништо попривлечно од девојка која има смисла за хумор и не се плаши да се насмее од срце. Ништо не е повеќе привлечно отколку женската заразна смеа.


Јаде с
é што сака

Голем број на жени јаде помалку отколку што сакаат, бидејќи се грижат за нивната линија, а многу често јадат само салати за да избегнат масти. Девојки кои не се плашат да нарачаат месо и компири секогаш ќе бидат повеќе привлечни за мажите. Грижа за здравјето е една работа, но одбивање на одредена храна од страв дека никој нема да те сака е сосема поинаква работа. Секогаш може да се живее здраво и да се ужива во храната која ја сакате, сè додека ја консумирате во умерени количини и без претерување.


Нема проблеми со сопствената сексуалност

За многу девојки ова е особено чувствителна тема, но мажите сакаат девојки кои немаат проблем да зборуваат за својата сексуалност, особено за она што го сакаат, а што не. Ова е особено важно ако сте во врска, бидејќи е битно и двајцата партнери сексуално да се разбираат.


Не ги крие чувствата

Повторно се враќаме на непишаното правило дека мажите се тие кои треба да го направат првиот чекор. Што би се случило кога девојката прва би му се доближила на дечкото? И мажите и жените подеднакво ги мразат игрите и шпекулациите. Девојка која отворено зборува за своите желби и намери е подеднакво привлечна и прекрасна во очите на мажите.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg