Романтична Новогодишна ноќ
Нема кој не си замислувал - новогодишна вечер...сами вие двајца, заљубени до уши. Топлина насекаде.. Вечерата е на маса, виното исто така, надвор паѓа...
...снегче. Еден куп емоции и двајца кои се сакаат. Соба исполнета со љубов и среќа. Иако ова прилега на атмосфера од соништата, сепак не е невозможно и неостварливо.
За да создадете ваква совршена атмосфера на која никој не би и одолеал еве неколку предлози:
УЖИВАЈТЕ СО РОМАНТИЧНА МУЗИКА
Направете плеј-листа со своите омилени песни или со некои други добро познати љубовни песни. Уживајте во вашите омилени романтични звуци.
НАЗДРАВУВАЈТЕ ЗА ВАШАТА ЉУБОВ
Кога и да наздравите со чашите, без разлика дали тоа е шампањ или вино одвојте момент со партнерот да наздравите за заедничките желби и соништа кои сакате да ви се исполнат во новата година. Испијте го пијалакот во знак на иднината.
ПОДЕЛЕТЕ ГИ ГРИЦКИТЕ И СЛАТКОТО
Храната е силен афродизијак. Зачинетата храна ја забрзува циркулацијата и возбудува. Земете најразновидни апетисани и нежно поделете ги со партнерот.
ПОДАРЕТЕ СИ НЕШТО МАЛО
Малите нешта се важни во животот. Убава испишана порака или чоколатце со најискрени желби. Мало, но слатко!
ГУШКАЈТЕ СЕ БЕСКРАЈНО
Дојде 00:00 часот. Прегрнете се и посакајте си ги најубавите желби. Направете атмосфера: изгаснете ги светлата и земете ќебенце. Ќе биде прекрасно! Нема ништо поубаво од целовечерна прегратка со саканата личност. Најважно е да го цените времето поминато заедно. Ве очеува година со нови предизвици, нови проблеми, нови убавини. Направете и оваа година да биде посебна за вас!
Сакајте се и на среќата и нема крај!