Сокријте го минатото
Секој има свое минато. Сите сакаат да се фалат со него, особено ако е богато со успеси и достигнувања. Работите на кои не сте баш горди, ги оставате токму...
...таму, во минатото.
Навистина, искуството ве направило тоа што сте денес, но не секогаш треба да се зборува за тоа.
Порано или подоцна, тој/таа ќе ви го постави прашањето за минатото. Некои моменти без размислување би ги споделиле, всушност и нема потреба да ве прашува за нив.
Што треба да премолчите пред вашата нова љубов?
1. Со колку партнерки/у си била/л? (неизбежно прашање)
Секако ќе ви биде поставено, а вие најпаметно и најснаодливо треба да побегнете од него! Никако не кажувајте одговор. Одговорете на шега кажувајќи дека тоа не е важно кога веќе сте го/ја нашле.
Ако бројката е мала не е толку страшно, освен што може да си помисли дека сте недоволно искусен/на.
2. Поранешни врски и запознавање со бившите.
Секој дечко/девојка со цел да ве запознае и да сфати со кого ќе ги дели нештата ќе ве праша за вашата претходна врска. Информациите секогаш давајте ги постепено и без ситници. За почеток можете да го кажете само името на поранешниот/ната.
Потрудете се да не ги споделувате проблемите со кои сте се соочувале во минатото.
3. Затајте ја вистината.
Луѓе сме - грешиме. Не дозволувајте грешките од минатото да влијаат на вашата моментална среќа. Обидете се да ја затскриете вистината и да уживате во новото искуство.
Не ги откривајте сексуалните тајни и искутва. Нека останат закопани длабоко во минатото.