13 работи кои треба да ги знаете пред да се заљубите во ниска девојка
Мислењето на мажите на тема висина е секогаш поделено - високите девојки изгледаат привлечно, но малечките и ситни имаат некој посебен шарм.
Ако спаѓате во вториот тип на мажи или вашата девојка ја пронајдовте во описот, ова се 13-те работи кои мора да ги знаете за ниските девојки:
1. Сè што прави е слатко и неодоливо, но не и го кажувајте тоа. Таа сака да биде секси божица, не симпатично малечко девојче.
2. „Малечка“ исто така НЕ е симпатичен прекар. Покажете нежност преку прекари, но тоа нека не се однесува на незината големина.
3. Не ја прашувајте дали може да ја кренете. Не е куче или бебе. Ако веќе сака да ја кренете во раце, веројатно ќе ви се затрча и ќе ви се завие со нозете околу вас. Во спротивно, не пробувајте.
4. Не ги дискриминира ниските мажи, но преферира високи.
5. Сантиметрите кои ѝ „недостасуваат“ во висина, сигурно се наоѓаат во некој друг атрибут и квалитет.
6. Не ја потценувајте. Малечка е, но веројатно многу посилна од вас.
7. Не ги одморајте рацете на нејзината глава или раменици. Никогаш.
8. Го сака фактот дека е ситна. И свесна е дека тоа не е недостаток. На крајот од краиштата, секогаш може да облече високи потпетици без да изгледа смешно.
9. Ако чувате работи на висина која не може да ја дофати, очекувајте дека ќе биде досадна и постојано ќе ви вели вие да ги земете. Вие одлучете што повеќе ви се исплати.
10. Голема е веројатноста дека постојано ќе биде на штикли, па заборавете на пешачењето.
11. Држете ја за рака, секогаш. Всушност малку е страшно да бидеш опкружен со гужва во која сите се повисоки од тебе. Разберете го тоа и понудете се да ја водите.
12. Секогаш кога сака нешто да ви каже или да ве бакне, подгответе се да се наведнете.
13. Совршена е во секоја поза и позиција.