Како да направите една жена да се чувствува посакувано?

Отсекогаш ме воодушевувала мистеријата на врските и истражувањето на комплексните прашања како еротиката, страста и љубовта се преплетуваат и развиваат меѓу двајца.

vdishete-dlaboko-i-fokusirajte-se-na-fantaziite-kako-da-napravite-edna-zena-da-se-cuvstvuva-posakuvano-01.jpg

Но, има време и кога треба да се прифатат со широки раце едноставноста и леснотијата кои носат задоволство, посебно кога можете партнерот да го натерате да се чувствува среќно и исполнето.

Сè што треба е малку внимание и фантазија.

Можеби ова што го пишувам е од женска перспектива, но прифатете го, адаптирајте го и можете да направите и мажот да се чувствува сакано.

Давајте ги вистинските комплименти

Можеби во овој момент целосно го прифаќам моето битие кое е желно за внимание, за љубов, за желби и романтичност...

Но, комплиментите годат. Сакам да потонам во неговото внимание, бидејќи така знам дека ме посакува, а токму ова чувство ме тера да го посакувам  уште повеќе.

Тоа не значи дека треба да делите празни комплименти.

Постои начин како може да се искаже вистинскиот комплимент. Не е празна фраза.

Напротив, се фокусирате на нешто и се обидувате да најдете начин како да и покажете на личноста дека ја цените.

Најдобар начин да го направите тоа е да делите комплименти ретко, тогаш кога навистина ги мислите. Честите комплименти го губат своето значење.

И што е најважно, не треба да ја намали вредноста на едниот партнер во процесот.

Мислам на оние комплименти кои ги даваме, а преку нив се обидуваме да ја намалиме вредноста на личноста, кои ги кажуваме само затоа што сме зависни и несигурни во себе.

Понекогаш нашиот партнер ја забележува оваа завист и ќе се обиде да компензира со зборови кои се наменети да направат да се чувствуваме добро околу себе. На површината можеби ова изгледа како комплимент, но на подлабоко ниво не е.


Застанете одзади и силно гушнете ја

Преминете од вербалното кон физичкото, тоа е уште еден начин како да му дадете до знаење некому дека ви значи.

Го знаете она чувство како некој да ви дава дополнителна сигурност?

За многумина оваа позиција е утешителна и прави да се чувствува партнерот добро.

Ситуацијата зачинете ја малку. Преминете кон вратот.

Така, сигурноста се доближува до нејзината спротивна сестра, дивоста.

Додавате малку жештина во ситуацијата, а токму во оваа сигурна и малку „неудобна“ позиција внесувате еротика.

Едноставно...


Креирајте атмосфера за интимност

Сакаме и партнерот и ние да се чувствуваме неверојатно, да имаме интима и страст, а за тоа потребна е добра атмосфера.

vdishete-dlaboko-i-fokusirajte-se-na-fantaziite-kako-da-napravite-edna-zena-da-se-cuvstvuva-posakuvano-2.gif

Како да го направите тоа?

Во текот на денот бидете сами. Уживајте во времето кое ќе го поминете со себе.

Релаксирајте се. Вдишете длабоко.

Потоа можете да се фокусирате на вашите фантазии, на она што ви е желба да го правите со саканата личност.

Било што...

Практично, еротично, смешно...

Потоа дојдете дома, средете се и подгответе ја атмосферата.

На овој начин покажувате дека го цените партнерот, дека се обидувате да направите да се чувствува што е можно подобро.

Се сеќавам... Дома дојдов на светло кое извираше само од свеќи.

Мојот партнер облечен само во неговите фармерки.

Дојде до мене, ме повлече за капутот, ме фати за врат страсно ме бакна и проговори: „Те посакувам“.

Да...

Доволно е.

Прифатете ја едноставноста на тоа како намерното однесување може многу да го промени односот со партнерот. Дозволете нови искуства во вашиот живот.

vdishete-dlaboko-i-fokusirajte-se-na-fantaziite-kako-da-napravite-edna-zena-da-se-cuvstvuva-posakuvano-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
Што најмногу гледале Македонците на Pornhub во 2023? На деталниот приказ по најгледани категории на филмови за возрасни се најде и Ма...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg