Фејсбук правила за успешна врска - Заедничкиот профил е лоша идеја

Фејсбук треба да служи како хоби, а не начин на живот. Не се изнесуваат сите детали, слики и видео снимки, затоа што сепак во прашање е глобална социјална мрежа и податоците можат да бидат искористени на разни несакани начини.

fejsbuk-pravila-za-uspesna-vrska-zaednickiot-profil-e-losa-ideja-01.jpg

Иако Фејсбукот може да ја подобри врската со споделување и комуницирање, во поголем број случаеви може да ја ископмплицира.

За тоа да не се случи треба да се придржувате до следните правила:

Заедничкиот профил е лоша идеја

Колку пати сте се насмеале бидејќи вашата другарка има заеднички профил со својот партнер, а после неколку месеци откако ќе раскинат целата ситуација на крајот делува трагикомично. Сепак, тоа не е единствен проблем. Заедничкиот профил значи и да се откажете од вашето време. Секако дека Фејсбук не треба да биде алатка каде ќе ги чувате вашите тајни, но сепак е убаво да се допишувате со пријателите без страв дека вашиот партнер ќе прочита.


Лозинката е приватна работа

Лозинката од мејл или од социјалните мрежи е само ваша лична работа и не треба приватноста да ја делите со никого, а најмалку со партнерот. Денес сте заљубени, а утре – кој знае. Доколку се подели лозинката со партнерот, кога -тогаш ќе дојде и искушението да провери што правите на Фејсбук и може да дојде до недоразбирање и за најмали детали.


„Лајк“ е само „лајк“

Да се обвини партнер за неверство, поради тоа што некоја девојка ставила „лајк“ на неговата слика или тој на нејзината,  звучи глупаво, но тоа се случува сѐ почесто. Секој има право одредена личност, пост или песна  да му се допадне. Дали нешто повеќе ќе се случи од „лајк“ и кометари, зависи од двете лица, не само од едната страна.

М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg