Како да ја задржите љубовта на вашиот живот?
Постојат парови за кои сте сигурни дека порано или подоцна ќе раскинат. Ако не сакате да бидете ставени во оваа категорија и сигурни сте дека покрај себе го имате вистинскиот партнер, ништо не и препуштајте на случајноста.
Потребни ви се само 5 чекори со кои засекогаш ќе ја задржите љубовта на вашиот живот:
1. Преземете одговорност за вашите емоции
Доколку верувате дека вашата лична среќа зависи од емоциите на партнерот, правите грешка. Го живеете својот живот во кој никој не би требало да ви каже колку вредите. Кога се чувствувате повредени и тажни – зборувајте, не молчете. Не се казнувајте плашејќи се дека вашите емоции ќе го оддалечат. Научете да се изборите со сите ситуации во животот, а да го направите тоа, мора да знаете дека сè зависи од вас и тоа како вие се чувствувате.
2. Секојдневно покажувате колку се грижите
Бидете искрени, посебно ако сте во долга врска – кога последен пат сте покажале дека се грижите? Колку пати во последниов месец сте кажале колку го/ја сакате? Научете да се препуштите на емоциите и сите ситници низ кои истите може да ги искажете.
3. Научете да сакате, не да контролирате
Во секоја врска партнерите имаат една маана – по извесно време забораваат да сакаат и почнуваат да контролираат. Само ако одберете безрезервна доверба, ќе ја спасите врската. Во спротивно, бидете подготвени да останете сами.
4. Уживајте и ценете го времето кое го поминувате заедно
Ако сè што правите ви преминало во навика, не се надевајте дека ќе потрае. Врските напредуваат само кога и двајцата партнери уживаат во работите кои ги прават. Доволен е еден од нив да ги земе работите здраво за готово, за врската да пропадне.
5. Бидете благодарни за убавите моменти
Не се жалете за нешто што одамна поминало, туку заблагодарете се за зготвената вечера или изненадувањето. Љубовните врски се темелат на внимание и нежност, не на критики. Ако и двајцата сте свесни за тоа, вашата врска ќе биде непобедлива.