Ние сме оние проклетите кои никогаш нема да дознаат што е тоа љубов

nie-sme-onie-prokletite-koi-nikogas-nema-da-doznaat-sto-e-ljubov-01.jpg

Знаеш, јас и ти никогаш не бевме среќни заедно. Никогаш немаше ни да бидеме.

Ние глумевме среќа, ние глумевме дека сме лудо вљубени еден во друг.

Нас, глумата ни одеше од рака. Глумевме подобро и од актери.

Ни требаше само човек покрај нас, за да не бидеме сами.

Ние бевме премногу различни за да опстанеме заедно.

Ние не знаеме да простуваме, ние сме злопамтила, ние не знаеме како да сонуваме.

Ние се каравме, гневно и гласно.

Кај нас не важеше правилото дека кој се кара, тој се сака.

Напротив, ние после секоја кавга се мразевме уште повеќе.

Ние бевме најозборуваните, најпосакуваните, најинтересните.

Но, никој не би сакал да ни биде во кожата ако не знаеше вистински.

Ние сме оние проклетите кои никогаш нема да дознаат што е тоа љубов.

Оти сме горделиви, инаетливи, свои на своето.

И да, чудно е што за мене и за тебе се уште ја употребувам формата „ние“.

Ние веќе не сме ние, не сме заедно.

Сега сме јас и ти, ама исти сме.

Ете, затоа јас и ти не можевме да бидеме ние.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+) Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но ...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...
Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
Либидо диета: Што да јадете за подобар сексуален живот (според нутриционист)? Еден од најпопуларните начини на исхрана во моментов во Британија е таканаречена...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg