Подгответе се на време: Кога страста во вашата врска ќе почне да бледнее?
Ако сте забележале дека во вашата врска има сè помалку желба за секс, а сè поголема потреба да уживате во некои други работи, не сте единствени. Дали знаете од кој момент сосема е нормално тоа да се случува?
Страста и желбата за секс во повеќето врски со текот на времето се намалуваат, а некои други работи стануваат поважни. Но, зошто страста почнува да бледее?
Едно германско истражување од Универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен кое е направено на 3.000 испитаници открива колку навистина е потребно страста да започне да се намалува. Откриено е дека партнерите почнуваат да го губат интересот уште по првата година од врската.
Тоа не значи дека другата личност целосно ви станува непривлечна и дека љубовта гасне, туку фактот дека сексот не е пресуден за врската.
Испитаниците биле на старост меѓу 25 и 41 година и одговарале на прашања како „Колку ви е важен сексот?“. Откриено е дека после само година дена сексуалната желба значајно опаѓа.
Како љубовната врска созрева, така стануваат поважни: посветеноста, довербата, грижата, искреноста и заедничките интереси.
Сексот и понатаму е дел од врската, но не пресуден. Неговата важност опаѓа како што созреваат другите потреби.