5 работи кои треба да ги знаете ако саканата личност е во депресија
Тешко е да се каже што точно можете да направите, ако некоја ваша блиска личност се соочува со депресија. Сепак, постојат неколку работи кои можат да ви помогнат да ја разберете и да се обидете да и помогнете.
Неколку работи што треба да ги знаете:
Депресијата не е свесен избор
Ако сакате некој кој е депресивен, имајте на ум дека депресијата не била прв избор на вашиот партнер. Таа често е предизвикана од нарушување на хемискиот баланс во мозокот.
Излитените фрази не помагаат
Речениците како: „Ќе помине“, „Гледај на светлата страна“, нема да помогнат. Овие најчесто употребувани фрази не го подобруваат расположението на личноста која е во депресивна состојба.
Тешко е да разберете ако не сте и вие во депресивна состојба
Депресијата е тешко разбирлива болест, ако и самите не сте депресивни или ако никогаш не сте страдале од неа. Имајќи го тоа на ум, не треба да пробувате да ја поправите состојбата или да ѝ кажувате на личноста што треба да направи за да си помогне.
Бидете секогаш таму за нив
Ако вашиот партнер е депресивен може да се оддалечи од вас. Треба да знаете дека тоа не значи дека повеќе не ве сака и дека нема потреба од вас. Дури и кога се обидува да ве отфрли од својот живот, бидете таму за личноста.
Депресијата е исцрпува
Ако вашиот партнер е депресивен веројатно ќе забележите дека ги одбива работите кои претходно ги сакал. Не го сфаќајте тоа лично. Депресијата физички и ментално исцрпува.