Секс + алкохол = опасно
Луѓето најчесто се однесуваат ризично кога се под дејство на алкохол. Вообичаено такво однесување е и секс со непознати во алкохолизирана состојба.
Од тие причини во Велика Британија е почната кампања која за цел има да им објасни на луѓето кои се последиците од комбинација на алкохол и секс.
Истражувањето кое го спровела позната британска агенција за испитување на јавното мислење, покажало дека 37% од луѓето се впуштиле во сексуални односи со нов партнер без употреба на кондом, а 40% признале дека причината поради која што го направиле тоа е алкохолот.
Во испитувањето учествувале 1000 мажи жени помеѓу 18 и 30 години, од кои 38% изјавиле дека после ваква авантура почувствувале некакви здравствени тегоби.
Она што најмногу ги изненадило стручњаците е дека во 70% од случаевите на впуштање во небезбеден секс, причината е алкохолот. Но, и податокот дека во тој случај спиеле со човек кој воопшто не го сметаат за привлечен.
Како и да е, кога утрото ќе стане попаметно од ноќта каењето поради некоја неочекувана болест не вреди многу.
Се надеваме дека ова што се случува во Британија ќе биде поучно и за нас тука!