Дали сте добри во сексот?
Еве неколку можни индикатори да дознаете дали дали сте навистина добри во сексот или не.
За да биде добар сексот мора да биде имагинативен, а не...
...едноличен и здодевен. Добриот секс почнува со предигра и завршува со пост-игра, бидејќи тоа му го дава оној вистинскиот вовед и заклучок. При тоа, не е неопходно секогаш предиграта да значи орален секс.
Предиграта може да биде само со поглед, заведување или допирање по телото на вистинските места. Кога настапува оргазам, уште не е крај на играта. Пост-играта вклучува галење, нежни бакнежи и пред се споменување на комплименти..
1. Иако си оди, секогаш се враќа назад.
Најдобар знак дека имате добар љубовник или љубовница е тоа што партнерот секогаш се враќа назад во вашата постела.
Кога само малку од вашите иницијативи во него ќе пробудат животинска потреба за вашето тело, тоа е секако потврда дека во сексот сте го излудиле.
2. Несебичност.
Најдобрите љубовници во креветот никогаш не се себични, и на место за нив, повеќе грижа водат за своите партнери. Тоа значи дека многу добро ги познаваат неговите желби, дека му ги исполнуваат фантазиите и дека имаат познавање на неговото тело, како во малиот прст.
Така, точно знаат каде се наоѓаат оние точки, кои во партнерот го будат сексуалниот ѕвер. Добрите љубовници се владетели на ерогените зони, а нивниот јазик, уста и раце секогаш го знаат патот до партнеровите најдлабоки задоволства.
3. Експериментирање.
Добар љубовник или љубовница никогаш нема да застанат на некоја монотона сексуална рутина, туку секогаш се спремни да вкусат нови работи и во сексот да го зачуваат животот и страста.
Со богат сексуален живот во кој секогаш се случува нешто ново и каде понекогаш се појавуваат некои нови изненадувања, партнерот никогаш нема да се пожали за монотонија.
Оралниот секс нека не биде здодевен, лижењето не треба да биде без чувство, а сексот нека биде гласен:
- менување на сексуалните положби,
- пружете си секси бања,
- изненадете го со еротска долна облека,
- користете сексуални помагала,
- немојте да имате секс само во креветот дома,
- вклучете храна во сексот,
- играјте различни улоги,
- еднаш бакнувајте се полека,
- другиот пат бидете сурови и груби,
- за време на сексот говорете груби зборови и
- никако немојте да си поставувате граници.