Девојки - манипулаторки
Иако важат за понежен пол, жените често знаат да бидат сурови, а посебно во врските каде знаат да манипулираат за да го добијат она што го сакаат.
Затоа внимавајте и препознајте ги на време најчестите женски манипулации. Еве дел од нив:
1. Не се јавува на телефон
Го добивте нејзиниот телефонски број, но кога ја барате, таа не се јавува или пак уште полоша варијанта е да сфатите дека ви дала лажен телефонски број.
Некои жени го дваат телефонскиот број бидејќи така им е полесно да ве откачат отколку во лице да ви кажат дека не се заинтересирани за вас.
Жените знаат да не се јавуваат на телефон и кога се во врска и се лутат за нешто. На тој начин тие се трудат да го добијат тоа што сакаат, но не се подготвени за отворена комуникација.
2. Мажите како спонзори
Некои жени го користат својот сексипил за да ги натераат мажите да ги честат пијачка или подоцна да им купуваат скапи подароци. Обично нивна мета се побогатите мажи.
Дел од нив сакаат брак со богат маж, а дел пак само ќе го користат мажот се додека не најдат нова жртва, секако побогата од претходната.
3. Златна резерва
Можеби сте во врска веќе подолго време или живеете заедно и одеднаш забележувате дека таа се однесува поинаку. Се повлекува и избегнува отворен разговор.
Сите знаци укажуваат на тоа дека има некој друг и дека крајот на врската е близу, но таа сеуште не заминува.
Тоа значи дека „другиот терен“ не е комплетно подготвен, а таа е несигурна и не сака да остане сама. Затоа ќе ве искористи како „златна резерва“ се додека новата врска не стане сигурна добивка.
4. Емотивна манипулаторка
Мажите не сакаат да гледаат жена како плаче, а некои жени тоа многу добро знаат да го искористат. Со малку солзи секогаш добиваат тоа што сакаат.
Бидејќи поголемиот дел од мажите навистина не ја разбираат женската емотивност, паѓаат на ситни трикови и емотивни манипулации. Така оваа емотивна манипулаторка секогаш го добива тоа што го сака.
5. Јавно понижување
Некои навистина сурови жени сакаат да го понижуваат својот партнер во јавност. Така овие жени се подбиваат и често ги претставуваат своите партнери како глупави и несигурни, а посебно се задоволни кога имаат публика наоколу.
Овие жени најчесто сакаат да се прикажат како духовити и забавни на сметка на понижувањето на своите партнери. Ако пак партнерот случајно и каже нешто во своја одбрана, таа веднаш ќе му одговори дека тој не знае да се шегува, а посебно не на своја сметка.
6. Одбива секс
Ова за жал е најчесто користената метода за да жената го добие она што го сака. Жените им го ускратуваат сексот на мажите бидејќи знаат дека мажите имаат поголема природна потреба од секс за разлика од нив и потоа ги уценуваат за да го добијат она што го сакаат. Така најчесто и успеваат.
7. Флертување за да се предизвика љубомора
Можеби чувствува дека не ја цените доволно или пак сте се скарале за нешто, па таа ќе флертува со други за да ве направи љубоморни. А можеби и едноставно ужива да ве измачува и да си ја докажува пред себе вашата заинтересираност. Како и да е, жените кои отворено флертуваат со други пред очите на своите партнери се незрели и манипулативни.