Супер факти за оргазмот
Оргазамот кај мажите делува брзо, додека на жените им треба точно 22 минути предигра. Женскиот оргазам во просек трае 6 - 10 секунди, а за оние...
... најсреќните може да се продолжи и до 20 секунди.
Ова се само неколку факти кои веруваме дека не сте ги знаеле до сега. Проверете го остатоткот:
- Водењето љубов два пати последователно што завршува со оргазам кај партнерите, согорува калории во вредност од еден Биг Мек (околу 550 калории).
- Непосредно пред да се доживее оргазам, активни се два пати повеќе природни антитела против разни болести, отколку нормално.
- Некои (среќни) жени, може да доживеат кулминација дури 100 пати во период од 60 минути.
- 48% од испитаниците тврди дека сексот им помага кога имаат главоболка.
- Во машкото тело по доживување на оргазам се ослободуваат хормони кои се задолжени за умор и спиење.
- 0,06% од мажите може да доживеат оргазам само мислејќи на секс.
- Оргазмот кај мажите ги стимулира истите подрачја во мозокот како и хероинот.
- 80% од жените барем еднаш одглумиле оргазам.
- 80% од мажите редовно свршуваат, додека кај жената тој износ изнесува само 33%.
- Научникот Дејвид Викс тврди дека имањето секс еднаш во денот ги прави луѓето 10 пати помлади, отколку кога имаат секс два пати дневно.
- Личностите во постојана врска почесто доживуваат оргазам од оние кои не се.
- Некои научници до 20 век тврделе дека жените воопшто не можат да доживеат оргазам.
- Интелигентните и високо образованите жени имаат помалку шанси за доживување на оргазам од жените со пониско ниво на образование.