Правила за караници во врска

pravila-za-karanici-vo-vrskata-povekjeНе сакате да се расправате, но се случува? Несогласувањата и кавгите се дел од секоја љубовна врска. Едноставно е невозможно да го делите животот...

 

...со некого, а порано или подоцна да не дојде до конфликт, па колку и да е мал и незначаен.

Што треба да внимавате кога веќе сте започнале караница со саканите?

1. Без навреди

Во екот на расправијата честопати се случува да кажеме некои работи кои не ги мислиме и без да сакаме почнуваме да се навредуваме. Внимавајте што ќе кажете. Не сакате да се каете за нешто што сте го кажале избрзано без да размислите.

pravila-za-karanici-vo-vrskata

2. Не бегајте од темата

Понекогаш се случува во текот на караницата од една тема да се преселите на друга и на крај се расправате за некоја сосема трета работа. Не ја инволвирајте темата од претходната недела. За џабе ќе изгубите време и уште повеќе ќе го разгорите огнот.

3. Запомнете која ви е целта

Важно е да знаете што сте сакале да постигнете и да добиете од партнерот. Немојте бесцелно да започнувате караница за која подоцна ќе се каете.

4. Научете да кажете извини

Доколку не ја превземате одговорноста за караницата и само луто си заминете, нема да го решите проблемот. Вие ја започнавте караницата - вие треба и да научите како да ја завршите. Да- виновни сте и сега е време да кажете “извини“. Магичното зборче кое најчесто ги решава и најголемите проблеми.

5. Не се карајте во јавност

Ако нешто ве налути никако не започнувајте караница кога се присутни и други луѓе во просторијата. Продавници, канцеларии, трговски центар, дискотека - нека не ви паѓа на памет! Почекајте момент кога ќе бидете на само. Воздржувањето некогаш е најдобро решение.


Би можело да ве интересира:

Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“  „На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД пр...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
Чекајте барем 6 недели, користете лубриканти – Што треба да знаете за интимните односи по породување... Штотуку сте донеле на свет нов живот, па нормално е да чувствувате промени, како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg