Освојте моќна девојка
Секоја модерна, вработена и самосвесна жена знае што сака во животот, а секако и во креветот. Таа е вработена, амбициозна, гради кариера, постојано се...
...надгорадува, работи на себе и изгледа одлично. Тоа навистина е жена на која мажите често и се воодушевуваат, но и се плашат да и пријдат.
Меѓу некои мажи владее и предрасудата дека ваквите жени се ладни во кревет, па затоа не се ни обидуваат да стапат во контакт со нив.
Но тоа е сосема неточно! Научно е докажано дека образованите и самосвесни жени многу повеќе уживаат во сексот и многу почесто се склони кон експреиментирање.
Па како тогаш да и се пријде на самосвесна жена? Како да се освои и да задоволи во кревет?
1. Духовен приод
Она што нив ги привлекува е маж кој знае што сака, кој знае да биде духовит и интересен. Па затоа ако сакате да и пријдете, само опуштете се и бидете свои, без она препознатливо одглумено однесување.
Ваквите жени обично паѓаат на вербална комуникација, па би било добро да ја изненадите со некоја интересна изјава. Поентата е да ја заинтересирате и да го заинтригирате нејзиниот ум.
Самосвесните жени сакаат нови и невообичаени работи, па обично и се интересираат за такви мажи. Тие сакаат кога мажот знае и умее да ги насмее. Затоа само храбро и без глумење.
2. Забавни состаноци
Излегувањето со самосвесна жена може да биде исклучително забавно бидејќи таа не очекува вие постојано да ја забавувате неа. Напротив, таа сигурно ќе посака со вас да сподели некои интересни места кои претходно ги открила.
Таа не очекува да ја одведете во најскапиот ресторан и одлично ќе се забавува ако бидете иновативни и ја одведете на пикник. За ваквите жени е многу важно да почувствуваат дека навистина ви се допаѓаат, но и да ја откријат вашата интересна страна на личноста.
Самосвесна жена нема лесно да влета во вашиот кревет, па затоа на почеток не се ни обидувајте такво нешто.
3. Возбудлив секс
Секоја самосвесна жена во здрава и стабилна врска очекува и возбудлив секс. Дружењето во кревет со ваква жена може да биде незаборавно искуство. Таа знае да биде и нежна и дива, и кротка и доминантна, и романтична и сурова.
На самосвесните жени не им е проблем да иницираат секс, а сколни се и кон експериментирање. Сексот со нив никогаш не е здодевен.
Самосвесна жена знае да ужива како во своето, така и во телото на партнерот. Кај овие жени фантазијата е силно развиена, а истото го очекуваат и од партнерот. Па затоа ако го сакате сексот и уживате во него, самосвесна жена би била одлична партнерка за вас.
4. Рамноправно партнерство
Последните истражувања ппокажуваат дека мажите се почесто сакаат да бидат во врска со самосвенси жени. Причина за тоа е фактот што самосвесните жени не очекуваат нивниот партнер да им го исполнува животот, бидејќи тие самите веќе си го исполниле.
Тие не бараат многу и очекуваат рамноправен однос во врската. За нив не е проблем да му дадат слободно време на својот партнер бидејќи и тие самите го сакаат за себе. Но, затоа сакаат квалитетно и продуктивно поминато време со партнерот.
Сé на сé, самосвесните жени се способни да остварат квалитетна врска во која и двајцата партнери можат да ги реализираат сопствените потенцијали и истовремено да бидат среќни заедно.