Една карактеристика со која ќе ја привлечете секоја жена
Згоден, амбициозен, со смисла за хумор? Научниците тврдат дека постои само една карактеристика кај мажите кој делува како афродизијак на жените.
Направено е истражување во кое учествувале 50 жени поделени во три групи и секоја од нив добила фотографии од мажи кои требало да ги оценат колку им се допаѓаат.
На првата група и било кажано дека фотографиите кои ги добиле се од мажи кои биле оценети како најпривлечни, на втората група и кажале дека добиле просечни оцени, а на третата дека никој не се изјаснил.
По ова тестирање, научниците откриле дека најмногу реагирале жените од третата група кои биле информирани дека другите групи не ги оцениле мажите.
Крајниот заклучок е дека повеќе од очигледно е дека мажите кои сакаат да играат љубовни игри и делуваат мистериозно се магнет за најголемиот дел од жените.