6 знаци кои ќе ви откријат дека сте со личноста со која треба да се венчате
Кога сте вљубени многу често се случува да се запрашате дали вашиот партнер вреди за да го поминете целиот живот заедно, заедно со самиот чин на одење пред олтарот и формирање на семејство.
Многумина трагаат по добри совети во голем број на списанија и се обидуваат да ги откријат „тајните“ знаци кои ќе ни одговорат на прашањето.
Науката открива кои се знаците по кои можете да откриете дали личноста со која сте во врска вреди за брак.
Ова се тие 6 знаци:
1. Можете да се потпрете на партнерот и во тешките денови
Според терапевтот Ерика Куртис, една врска може да премине во квалитетен и среќен брак кога парот е способен да ги преброди потешкотиите и проблемите со знаење дека може да се потпрат еден на друг.
„Можеби не е пријатно да се размислува на најлошото, но кога планирате да стапите во брак со некоја личност мора да бидете сигурни дека ги познавате сите нејзини темни страни и дека можете да се потпрете на неа“ – вели Куртис.
2. Вљубени сте во карактерот, а не физичкиот изглед
Неодамнешно истражување открива дека физичкиот изглед, материјалните средства и харизмата се први работи кои ги забележуваме кај потенцијалниот партнер, но долготрајните врски понатаму поаѓаат од прифаќање на личноста.
3. Знаете дека можете заедно да созреете од несреќите и непријатните ситуации
Не бесполезно е наведено во добро и лошо, а тоа подразбира да бидете способни да ги надминувате меѓусебните конфликти и да бидете способни да ги надминете тешките животни околности.
Сакате да знаете дали партнерот вреди да размислувате за брак? Дознајте како се однесува со вас кога сте болни...
4. Имате многу повеќе од само компатибилност
Тед Хустон тврди дека за да трае една врска потребно е да имате многу повеќе од само заеднички интереси во животот, напротив кога ќе започнете да ги анализирате работите за кои не се согласувате, тогаш можете да откриете дали сте еден за друг.
Потребна е заедничка насоченост и способност да ги надминете несогласувањата за врската да премине во брак.
5. Добро се познавате
Истражување од Универзитетот во Вирџинија открива дека среќни врски се оние врски каде партнерите можат да одговорат на речиси сите прашања кои им се поставени за партнерот.
Тоа значи дека за вашата врска да премине во среќен и долготраен брак потребно е добро и отворено да го слушате партнерот и добро да ги знаете неговите потреби.
6. Добро комуницирате
Потребно и двајцата партнери да бидат способни отворено да комуницираат и јасно да си ги изразуваат желбите и потребите без да чувствуваат грижа на совест или срам.
Едно истражување открива дека оние луѓе кои партнерот го дефинирале како „најдобар пријател“ имале најсреќна и најквалитетна врска.