Секс на прв состанок - да/не
Се запознавте, излеговте на пијалак, се бакнавте, а тогаш... дојде време и за "она" - ќе пристапите или сметате дека е премногу рано? Кога е вистинско...
...време да имате секс со личноста која ви се допаѓа? По првиот бакнеж? После 7 дена? Дали во изреката "среќата е поубава само додека се чека" има вистина или се работи само за губење на време?
Не постои одговор на ова прашање бидејќи секоја врска е приказна сама за себе и правила не постојат. Единствено можете да обрнете внимание на некои сигнали кои вам може да би бидат од голема помош.
Ако вашиот партнер инсистира на секс и секој миг го користи да ве наговори да легнете со него, не се залажувајте. Таквото однесување е својствено за личности кои откако ќе ве заведат на секс, набрзо ќе ве остават.
Истото важи ако тој постојано ви предлага да се гледате на места каде сте сами - најчесто кај него дома.
Затоа вие предложете му места каде што има многу луѓе и дружење заедно со пријателите, заминете во ресторан или кафуле, а ако на вашиот партнер му е досадно или бара изговор да не се појави, тогаш се работи за личност која е заинтересирана само да спие со вас.
Дали вие ќе одлучите да му ја исполните желбата или не - останува на вас.
Понекогаш не е лошо врската да се започне со секс, бидејќи тоа е добар показател дали вреди да се трудите околу вската. Се случува после длабоки емоционални врзувања, сексот да не е она што било очекувано, па се' буквално да "падне во вода".
Сексот е важен дел од заедничкиот живот и затоа е добро на време да се види колку се согласувате на тоа поле. Поединци, најчесто жени, го одложуваат интимниот дел за да не бидат обележани како "лесни девојки". И во тоа има логика, држете се до тогаш кога ќе се чувствувате подготвени за секс и внимавајте со кого си имате работа.
Маж кој "прераскажува" во исто време и ги изобличува работите. Како да го препознаете? Голема е веројатноста дека на вашиот прв состанок ќе ви раскаже некоја необично луда ноќ.
Постојат и личности кои се срамат од своето тело и затоа не пристапуваат на секс, додека потполно не се опуштат. Меѓутоа, ако партнерот изразил желба и се труди околу вас тоа значи дека вашите маани не му сметаат, туку напротив - го возбудуваат.
Затоа, опуштете се и бидете самоуверени - и самодовербата е афродозијак.
За крај, не заборавајте - било да одлучите да водите љубов на првиот состанок или на првата брачна ноќ, користете кондом!