Одговори на секс прашањата кои се срамите да ги поставите
Љубопитноста е сосема нормална работа и секако дека секој од нас барем еднаш во животот посакал да ги постави оние прашања кои ги скокоткаат.
Еве 10 од тие прашања кои се вртат во главите на љубопитните:
1. „Дали пенисот може да скрши?“
Не, бидејќи не е коска. Сепак грубиот секс или агресивната мастурбација може да предизвикаат повреди.
2. „Што да направам ако кондомот остане во вагината?“
Како за почеток, без паника. Пробајте со прсти да го извлечете кондомот од вагината, а ако тоа не е возможно, најдобро е да посетите гинеколог.
3. „Зошто не можам да доживеам оргазам за време на сексот?“
Важно е да знаете дека не сте единствени, односно ова е честа појава. Ако не можете да доживеете оргазам, најдобро сами да се потрудите или да го замолите партнерот да го стимулира вашиот клиторис.
4. „Дали е можно да мокрам во текот на сексот?“
Во главно не, но доколку чувствувате нагон за мокрење во текот на сексот, тоа значи дека сте на добар пат, бидејќи вашата Г точка се стимулира во моментот.
5. „Како да го спречам испуштањето на воздухот од вагината?“
Никако. Ова е појава на која не можете да влијаете.
6. „Дали е нормално што сум премногу влажна“?
Да, сосема е нормално, а претставува и олеснителна ситуација, бидејќи полесно и побргу ќе дојдете до оргазам.
7. „Дали аналниот секс е толку нехигиенски?“
Не е, но доколку се одлучите за овој тип на секс најдобро е да употребувате кондом за да се заштитите од бактериите. Внимавајте да не го употребувате истиот кондом и при вагиналниот секс.
8. „Јас сум хетеросексуалка, но се возбудувам кога гледам две жени во порно филмови. Дали е тоа нормално?“
Тоа не значи дека сте лезбејка. Онака како што ве возбудува замислата дека имате секс со непозната личност, така е и со гледањето на две девојки. Никому не му пречи фантазијата нели?
9. „Што да правам ако неговиот пенис е преголем?“
Разговарајте околу тоа и не се присилувајте на секс, ако истиот ве боли. Со разговорот ќе дојдете до дополнителна блискост, а партнерот ќе ве разбере. Во секој случај, нежниот секс не би требало и нему да му претставува проблем.
10. „Тој е лош во оралното задоволување. Како да му го кажам тоа?“
Покажете му на кој начин сакате да мастурбирате. Слободно допирајте се пред него. Така дополнително ќе го возбудите, а и ќе му покажете како треба да управува со јазикот.